(Фотогалерија) Голгетерски пријателски меч заврши без победник, генерациите 2011 на ФК Кул и Куманово одиграа со нерешен резултат

Покрај освоениот Куп трофеј, Кул го имаше и најдобриот стрелец во ова натпреварување, Богданоски и Наков беа во ТОП-5
08/13/2020
(Фотогалерија) Одличен меч за генерација 2009 и трет триумф во подготвителниот период
08/14/2020

(Фотогалерија) Голгетерски пријателски меч заврши без победник, генерациите 2011 на ФК Кул и Куманово одиграа со нерешен резултат

На натпревар со осум постигнати голови, на крајот, генерациите 2011 на ФК Кул и Куманово одиграа со нерешен резултат (4:4).

Вчера, на теренот во Куманово нашата генерација 2011 која е предводена од Александар Цветковски, одигра контролен меч со екипата на Куманово. Иако настапивме со неколку помлади играчи, сепак одигравме добар натпревар, на кој во неколку наврати имавме и предност.

Иако домаќинот прв го отвори резултатот за 1:0, ние вративме со два погодоци, за резултатски пресврт од 1:2. До крајот на првото полувреме, Куманово постигна гол и на краток одмор се замина со резултат 2:2. Водевме уште на два пати, кога резултатот беше 2:3 и 3:4, но противникот се избори за да не загуби.

Двајца играчи во нашите редови беа стрелци на головите, тоа беа Милош Милошевски и Павел Зојчевски, кои постигнаа по два гола.

Имаме и фотогалерија од овој натпревар, која можете да ја поггледнете во продолжение.