(Фотогалерија) Одличен меч за генерација 2009 и трет триумф во подготвителниот период

(Фотогалерија) Голгетерски пријателски меч заврши без победник, генерациите 2011 на ФК Кул и Куманово одиграа со нерешен резултат
08/14/2020
Генерација 2010 на ФК Кул славеше убедлива победа на пријателскиот дуел против Куманово ( Фотогалерија)
08/14/2020

(Фотогалерија) Одличен меч за генерација 2009 и трет триумф во подготвителниот период

Генерацијата 2009 на ФК Кул стигна до третата победа во подготвителниот период. Вчера гостувавме кај екипата на Куманово, со која одигравме пријателски натпревар. Избраниците на Ѓорѓија Нешовски одиграа одличен натпревар во текот на сите 60 минути, покажаа квалитет во играта и целосно го надиграа противникот. Физичката подготовка дојде до целосен израз на овој меч, на кој нашите млади надежи победија убедливо со резултат 1:4.

Се играа три полувремиња по 20 минути. Резултатот за 0:1 го отвори Петар Симоновски, додека водството на 0:2 го зголеми Јован Гиевски. Во втората половина од мечот постигнавме уште два нови голови, за уште поубедлива предност. Најубавиот гол на дуелот го постигна единственото девојче во нашиот тим, се работи за Меланија Грозданова, која со силен умерен удар прецизно биеше во противничката мрежа. Со нејзиниот гол поведовме и со 0:3, додека со вториот гол на Симоновски имавме водство и од 0:4. Во последните 20 минути од натпреварот, почесен гол постигна и домаќинот, за поставување на конечните 1:4 на овој пријателски натпревар.

Пофалби за целата екипа, која одигра на високо ниво во текот на целиот меч, како и за нашите голмани, Марко и Бобо, кои имаа неколку одлични одбрани. Ова беше вкупно четврти меч во подготвителниот период за оваа генерација на Кул и вкупно трета победа. Претходно, славевме победи во дуелите со екипите на Скупи и Ла Масиа, додека минимално загубивме од Прилеп Тони.

Погледнете и фотогалерија од овој натпревар, кој се одигра во Куманово.