ФК Кул врши упис на девојки! Дами почуствувајте ја магијата на дружбата со „бубамарата“

(ФОТО) Традиционален петочен фудбалски дуел и дружба, на поранешни и сегашни членови на „семејството“ Кул
08/18/2020
Огнен Јаков со хет-трик донесе триумф за генерација 2010, на пријателскиот меч против тимот на Биџо
08/18/2020

ФК Кул врши упис на девојки! Дами почуствувајте ја магијата на дружбата со „бубамарата“

Фудбалската школа Кул започнува со упис на нови членови во женската екипа, ги охрабруваме младите дами да ни се придружат. Вршиме упис на девојки од шест годишна возраст, со истите ќе работат лиценцирани тренери, со богато искуство во педагогијата со деца спортисти.

Во нашата школа веќе работат 15-сетина девојки кои напредуваат од ден во ден во фудбалската игра. Треба да напоменеме дека, на сите натпревари школата обезбедува задолжителен медицински надзор на членовите. Ние сме клуб со најбогата спортска инфраструктура, тренинзите се одвиваат на отворени и затворени терени. Уписите се вршат за работа на терените во: Ново Лисиче, Кисела Вода и Карпош.

Како за момците така и за девојките располагаме со план и програма за напредување на нашите членови, учествуваме на домашни и меѓународни натпреварувања, организираме летен камп, се следи напредокот на секој поединец со цел правилен развој во процесот на тренирање и фудбалско школување. Младите фудбалерки кои се дел од нашата екипа потврдија со својот напредок, дека подеднакво се вложува труд енергија и професионална работа и кај девојките.

Во нашата школа, вашето дете ќе биде подложено на професионален начин на практикување на спортот, ќе биде дел од клуб во кој неговото здравје ќе биде на прво место, колектив во кој ќе ги има сите услови, кои може само нашата школа да ги пружи во земјава.

Контакт