(ФОТО) Традиционален петочен фудбалски дуел и дружба, на поранешни и сегашни членови на „семејството“ Кул

Нов контролен дуел за генерација 2010, против екипата на Биџо
08/17/2020
ФК Кул врши упис на девојки! Дами почуствувајте ја магијата на дружбата со „бубамарата“
08/18/2020

(ФОТО) Традиционален петочен фудбалски дуел и дружба, на поранешни и сегашни членови на „семејството“ Кул

Традицијата која ја практикуваме од основањето на фудбалската школа Кул,  на која сме посебно горди, продолжува и понатаму.

Секој петок во вечерниот термин од 19:50 часот во балонот во населбата Кисела Вода, поранешни и сегашни членови на семејството Кул играат традиционално, фудбалски натпревар. Овој настан ја подобрува комуникацијата,  ги поврзува членовите и  го зајакнува тимскиот дух во клубот по кој сме познати.

После секој натпревар продолжува дружбата и пријателството, резултатот е во втор план, главна цел е дружбата помеѓу членовите. Изминатиов петок имавме и заедничко гледање на дуел од Лигата на Шампионите, традиција која ќе продолжиме да ја негуваме и во иднина.