Огнен Јаков со хет-трик донесе триумф за генерација 2010, на пријателскиот меч против тимот на Биџо

ФК Кул врши упис на девојки! Дами почуствувајте ја магијата на дружбата со „бубамарата“
08/18/2020
(Фотогалерија) Втор последователен триумф за генерација 2010, совладана екипата на Биџо
08/19/2020

Огнен Јаков со хет-трик донесе триумф за генерација 2010, на пријателскиот меч против тимот на Биџо

Вечерва на теренот на Локомотива, во населбата Карпош 3, пријателски натпревар одигра генерацијата 2010. Повторно гостин ни беше екипата на Биџо од Куманово, но за разлика од првиот меч, вечерва подобар беше тимот на Кул. Избраниците на Владимир Маџароски стигнаа до заслужена победа, а конечниот резултат можеби не ја отсликува реалната ситуација на теренот. Победивме со резултат 3:2, но по бројот на шансите кои ги имавме, немаше да биде незаслужено ако на крајот триумфот беше изразен и со поголема разлика.

Интересно, сите пет голови на овој контролен натпревар паднаа во вториот дел од мечот. По првото полувреме мрежите на двете екипи мируваа, иако ние имавме неколку изгледни и добри прилики да го отвориме резултатот. Стрелецот на сите три гола за Кул на денешниот дуел, Огнен Јаков, во првиот дел имаше две добри шанси, но голманката на Биџо беше најголемиот виновник, што нејзиниот тим загуби само со минимална разлика. Во првите 25 минути, од шансите ќе ги изводиме оние на Марио Стојчевски, Љупче Трпковски и Никола Јанкуловски, но во сите обиди, поуспешен беше противничкиот чувар на мрежата. По првиот дел, резултатот беше 0:0. Мора да одбележиме и неколку одбрани на нашиот голман, Младен Крстевски.

Конечно во вториот дел успеваме да ја погодиме мрежата на Биџо, со прекрасен гол од слободен удар, Огнен Јаков, беше играчот кој ни донесе водство од 1:0. Следеше период од три минути, во кој набрзина постигнавме уште два гола. Најпрво во една мешаница пред противничкиот гол, најдобро се снајде Огнен Јаков, за предност од 2:0, за истиов играч, со својот хет-трик да зголеми и на 3:0, откако биеше прецизно со глава, после нафрлена топка од десната страна.

Во последните десет минути од мечот, Биџо со два гола се избори за достоен пораз од 3:2. Ние во меѓувреме имавме уште некоја прилика, но не погодивме.

Ова беше втора последователна победа за генерацијата 2010 во подготвителниот период, откако минатата недела го победивме тимот на Куманово, на гостински терен.