На натпревар со 13 голови, генерација 2010 на ФК Кул го победи тимот на Карев

Победа на ФК Кул генерација 2011 на тест-мечот со ФК Карев
08/23/2020
Повозрасните петлиња и помладите пионери на Кул утре патуваат за Куманово, каде ќе одиграат контролни мечеви со Милано
08/24/2020

На натпревар со 13 голови, генерација 2010 на ФК Кул го победи тимот на Карев

Утрово на теренот „Локомотива“ интересен натпревар со голем број на постигнати голови, одиграа генерациите 2010 на ФК Кул и Карев. Поуспешни беа нашите млади надежи, кои стигнаа до третата последователна победа на подготвителниот период. Конечниот резултат на крајот гласеше 8:5 за избраниците на Владимир Маџароски.

По првото полувреме, имавме предност од 2:0, со головите на еден ист играч се работи за Огнен Јаков. Во вториот дел од мечот видовме дури 11 голови, период во кој се играше многу ефикасно. Со головите на Марио Стојчевски и Стефан Ацковски, тимот на Кул стигна и до водство од 4:0, додека високи 5:0 со својот хет-трик ни донесе Огнен Јаков. Следеше период во кој дојде до пад во нашата игра, во кој противникот успеа да постигне дури пет голови и да го израмни резултатот на 5:5.

Сепак проработе „инаетот“ кај нашите момчиња, кои докажаа дека сепак беа поквалитетната екипа на овој пријателски меч. Воопшто не не обезхрабри израмнувањето на противникот, напротив тргнавме фуриозно кон голот на Карев. Стефан Ацковски беше играчот кој со два брзи голови ја врати нашата предност за 7:5, додека конечните 8:5 на овој дуел, со својот четврт погодок ги постави Огнен Јаков.

Ова беше трет триумф во серија за генерација 2010, која претходно ги совлада и екипите на Куманово и Биџо.