Победа на ФК Кул генерација 2011 на тест-мечот со ФК Карев

Поради пандемијата, откажан меѓународниот фудбалски турнир „КУЛ КУП 2020“
08/23/2020
На натпревар со 13 голови, генерација 2010 на ФК Кул го победи тимот на Карев
08/23/2020

Победа на ФК Кул генерација 2011 на тест-мечот со ФК Карев

Утрово на теренот „Локомотива“ во Карпош-3, ФК Кул генерација 2011 одигра пријателски дуел со екипата на ФК Карев. Момците на Мики Тодоровски дојдоа до победа со резултат 4-2 (3-1).

Ние доминиравме од почетокот на дуелот, нашата доминација беше крунисана со погодок за 1-0. Топката ја имаше Чангов Филип, тој упати удар голманот ја одби, на истата налета и погоди за наша предност Коневски Мартин. Момците од ФК Кул доминираа и атакуваа на удвојување на предноста, за 2-0 стрелаше Стефан Николовски. До крајот на првиот дел видовме два гола во двете мрежи, најпрвин ФК Карев намали на 2-1. Конечните 3-1 со кој се замина на пауза ги постави, Шиљковски Стефан. По одлична асистенција од Стојаноски Стефан, тој стрелаше за повторно два плус разлика во наша корист.

Вториот дел започна идентично како и првиот, ние доминиравме на теренот. Сепак први погодија Карев кои дојдоа на гол негатива, односно намалија на 3-2. Нашата теренска надмоќност беше крунисана со нов гол, Дончевски Леонид ја затресе мрежата на Карев. Лео стрелаше за 4-2, резултат кој подоцна се покажа како конечен на овој тест-дуел.