Повозрасните петлиња и помладите пионери на Кул утре патуваат за Куманово, каде ќе одиграат контролни мечеви со Милано

На натпревар со 13 голови, генерација 2010 на ФК Кул го победи тимот на Карев
08/23/2020
(Фотогалерија) Тренинг со нашите најмлади членови
08/24/2020

Повозрасните петлиња и помладите пионери на Кул утре патуваат за Куманово, каде ќе одиграат контролни мечеви со Милано

Генерациите 2005 и 2006 на фудбалскиот клуб Кул во текот на утрешниот ден ќе одиграат пријателски натпревари.

Нашите екипи ќе патуваат во Куманово, каде ќе одиграат контролни натпревари со екипата на Милано.

Мечевите ќе стартуваат во термините од 09:00 и 10:30 часот. За генерацијата 2005 на Кул ова ќе биде прв контролен натпревар со друг противник, додека генерацијата 2006 ќе го одигра својот втор контролен меч, откако на првиот доживеа пораз од тимот на Скупи.