Убедлив триумф за генерација 2006 во дуелот со Милано

На контролен меч одигран во Куманово, помладите пионери на Кул и Милано одиграа без победник
08/25/2020
Четири генерации на Кул утре на гостински терен ќе играат натпревари со екипата на Гостивар
08/26/2020

Убедлив триумф за генерација 2006 во дуелот со Милано

Повозрасните петлиња на ФК Кул денес одиграа пријателски меч со екипата на Милано. Истиот се одигра во Куманово и заврши со триумф на нашите млади надежи, кои победија со резултат 0:3.

Бевме подобар тим на теренот, поконкретен и со повеќе шанси од противникот, па на крајот стигна и заслужена победа. За само пет минути успеавме да стигнеме до солидна предност, откако најпрво во 10.минута водство од 0:1 донесе Марко Костовски, за предноста од 0:2 во 15 минута да ја зголеми и Олег Михајловски.

Убав гол на дуелот, во второто полувреме, поточно во 60 минута од дуелот постигна Константино Горгиовски кој од слободен удар го матираше домашниот голман, за водство од 0:3.

Тренерот Божиноски го стартуваше мечот со следниве 11-сетмина: Јован Ѓорѓиески, Петар Лазовски, Петар Трпевски, Тео Давковски, Лео Јовевски, Марко Костовски, Матеј Стојановски, Константино Горгиовски, Олег Михајловски, Антони Динов и Стефан Душкоски.

Во игра на натпреварот влегоа уште и Јован Михов, Симона Меијер, Никола Јовановски, Дамјан Спасовски, Јаков Николовски и Мики Илиев.

Ова е прв триумф во контролниот период за генерација 2006 на Кул.