Одличен меч за кадетите и триумф на контролниот дуел против Тетекс

(Фотогалерија) Седум голови во мрежата на Тетекс, пионерите супериорни на контролниот меч одигран во Тетово
08/27/2020
(Фотогалерија) Победа за кадетите на Кул во дуелот со Тетекс
08/27/2020

Одличен меч за кадетите и триумф на контролниот дуел против Тетекс

Кадетите на ФК Кул во текот на вчерашниот ден беа гости на екипата на Тетекс, со која одиграа контролен натпревар. До триумф стигна тимот на Кул, кој забележа победа со резултат 0:3.

Одличен меч за нашите кадети, кои покажаа повеќе од противникот на овој натпревар, ја контролираа играта на теренот и заслужено победија. Покрај постигнатите голови имавме уште неколку прилики за повисок резултат, додека екипата на Тетекс немаше ниту една голема прилика за да го загрози нашиот гол. Филип Јаневски беше играчот кој прв се закани кон голот на Тетекс, но резултатот остана оној почетниот, додека во шанса се најде и Марко Ѓорѓиевски, кој биеше, но еден од домашните играчи во последен момент ја отстранува опасноста.

Првата можеби големата шанса ја имавме преку Никола Николов, кога после една акција од десната страна, се закани Николов, но поуспешен беше чуварот на мрежата на Тетекс. Иницијативата ја претвараме со погодок, кога Стефан Здравески упати силен и прецизен удар по земја, кој заврши позади грбот на противничкиот голман, за предност од 0:1.Играта се одвиваше на половината на домашниот тим, Томи Станковски беше играчот кој се закани следен во нашите редови, но шансата остана нереализирана.

После добра акција, екипата на Кул зголемува и на 0:2. Од десната страна, добар продор имаше Бојан Ристевски, кој нафрли топка во противничкиот шеснаесетник, истата стигна до Марко Ѓорѓиевски, кој ја вметна во мрежата на Тетекс, за водство од 0:2, резултат со кој се замина и на полувреме.

Подобра екипа бевме и во вториот дел од мечот, кога исто така создадовме неколку шанси, кон голот на Тетекс. Како најзначајни ќе ги издвоиме обидот на Здравески, како и голот за предност од 0:3. Истиот беше дело на Марко Ѓорѓиевски, кој погоди после нафрлена топка од Ивановски Дамјан. На крајот триумф за кадетите на Кул, за кои ова беше прв подготвителен натпревар.

Стартниот состав на ФК Кул: Андреј Ројчинов, Дамјан Ивановски, Стефан Јовановски, Дамјан Ивановски, Лука Алексоски, Стефан Здравески, Бојан Ристевски, Филип Јаневски, Томи Станковски, Марко Ѓорѓиевски, Никола Николов.