Пионерите на Кул до врв ја наполнија мрежата на Тетекс

(ВИДЕО) Погледнете го целиот меч и триумфот на ФК Кул генерација 2006 против Милано
08/26/2020
(Фотогалерија) Седум голови во мрежата на Тетекс, пионерите супериорни на контролниот меч одигран во Тетово
08/27/2020

Пионерите на Кул до врв ја наполнија мрежата на Тетекс

Генерацијата 2004 на ФК Кул стигна до убедлива победа на контролен натпревар кој го одигра против екипата на Тетекс. На мечот кој се одигра на теренот во с. Јегуновце, избраниците на Един Нурединоски славеа висока победа со резултат 1:7. Самиот резултат кажува за нашата супериорност на овој натпревар, едноставно бевме многу поднамоќни од противникот.

Првиот директен удар кон противничкиот гол го имаше Љубомир Стојановски, но голманот на Тетекс успеа да го скроти неговиот обид. На првиот гол не се чекаше многу време, поминаа само шест минути игра кога Филип Кузмановски од слободен удар го матираше голманот на Тетекс, за отварање на резултатот и водство на Кул од 0:1. Бојан Јанкулоски беше играчот кој следен се запиша во листата на стрелци, за предност од 0:2, а истиов играч пред да постигне гол имаше прилика, но противничкиот голман во таа прилика го одбрани ударот.

Продолживме со константен притисок на половината на тетовчани, ваквата иницијатива ни донесе и нов погодок, прв за Антонијо Стојановски, кој после добра акција се ослободи од голманот и ја внесе топката во мрежата, за веќе резултат од 0:3. Конечно се закани и Тетекс, кога еден од нивните играчи после продор од левата страна се најде во сериозна шанса, но Мартин Цветковски не дозволи да биде изненаден. Сепак после една акција на домаќинот и играње со рака во нашиот шеснаесетник, беше досуден пенал за Тетекс, кој беше успешно реализиран, за намалување на 1:3, резултат кој беше актуелен и на полувреме.

По само три минути игра во вториот дел, нашите пионери постигнаа два брзи голови, од кои оној на Филип Стајковски беше евро гол, кој погоди од голема далечина, за зголемување на 1:4. Веќе во следната наша акција, голманот на Тетекс беше принуден да ја вади топката од својата мрежа, откако со својот втор гол на Бојан Јанкулоски поведовме и со 1:5.

Пред да постигнеме нов гол, ќе ја одбележиме и шансата на Михаил Стаменковски, која остана нереализирана. До крајот на дуелот нашите надежи постигнаа уште два гола. Во листата на стрелци се запишаа и Љубомир Стојановски и Михаил Стаменковски, кои ги поставија конечните 1:7 на овој пријателски натпревар.

Сите играчи кои настапија на овој дуел во нашите редови: Мартин Цветковски, Јордан Петровски, Јован Митревски, Бојан Јанкулоски, Филип Кузмановски, Љубомир Стојановски, Филип Стајковски, Антонијо Стојановски, Лука Миленковиќ, Никола Крстевски, Васко Ѓоргиевски, Михаил Стаменковски и Бодан Тодоровски.