Генерација 2009 продолжува со победите, генерација 2010 поразена во дуелите со Гостивар

ФК КУЛ генерација 2012 на првата „контролка“ убедливо со ФК Карев
08/28/2020
(Фотогалерија) Генерациите 2006 на Кул и Гостивар одиграа пријателски натпревар
08/29/2020

Генерација 2009 продолжува со победите, генерација 2010 поразена во дуелите со Гостивар

Фудбалскиот клуб Кул продолжува со одигрување на контролни натпревари во подготвителниот период. Повторно бевме активни со генерациите 2009 и 2010 кои за противник ја имаа екипата на Гостивар, мечеви на кои имавме половичен успех.

Генерацијата 2009 и на овој натпревар покажа дека се наоѓа во добра форма, повторно триумф за избраниците на Ѓорѓија Нешовски и тоа со висока разлика. Нашите млади надежи го надиграа противникот, кој имаше сила да се носи само едно полувреме, кога резултатот беше нерешен 1:1

Марко Стојановски беше играчот кој имаше прва прилика на двете страни, за отварање на резултатот, но голманот на Гостивар одлично интервенираше, откако му влезе во ударот и го одбрани. Домашниот тим успеа прв да погоди, после нафрлена топка од десната страна, во нашиот голмански простор, највисок во скокот беше еден противнички играч, кој со глава ја заби топката во нашата мрежа, за предност од 1:0. Кул успева до крајот на првиот дел да израмни со голот на Петар Симоновски, кој погоди од белата точка, за резултат 1:1 на полувреме.

Во вториот дел дојде до израз квалитетот и силата на оваа генерација. Четири голови во противничката мрежа говорат за тоа какво полувреме одигравме во кое бевме доминантни. Со својот прв гол, Филип Дукоски ни донесе прва предност од 1:2, а ремек дело на мечот видовме од Игор Трпковски, кој од слободен удар ефектно го погоди голот на Гостивар, за веќе водство од 1:3. Расположен за игра беше и Филип Дукоски, кој во последните пет минути успеа да запиште уште два нови гола, хет-трик за нашиот играч, кој ги постави конечните 1:5 на пријателскиот меч одигран во Гостивар.

Генерацијата 2010 го загуби својот меч во дуелот со екипата на Гостивар (0:2). Имавме неколку добри шанси на овој дуел, едноставно среќата не не посака, додека противникот ги реализираше своите прилики. Во двете полувремиња беше постигнат по еден гол, додека кај нас од позначајните шанси ќе ги издвоиме оние на Матеј Андреевски, Никифор Дамјановски и Борјан Андоновски.