ФК КУЛ генерација 2012 на првата „контролка“ убедливо со ФК Карев

(Фотогалерија) Пораз за генерација 2007 на мечот со Гостивар
08/28/2020
Генерација 2009 продолжува со победите, генерација 2010 поразена во дуелите со Гостивар
08/28/2020

ФК КУЛ генерација 2012 на првата „контролка“ убедливо со ФК Карев

Вчера, првиот контролен дуел го имаше ФК Кул генерација родени 2012 година. Момците на Мирослав Тодоровски гостуваа кај тимот на ФК Карев и остварија убедлива победа со резултат 8-0.

ФК Кул состав: Клео Горгиовски, Дамјан Тодоровски, Стефан Шиљковски,  Михаил Динов, Стефан Николовски, Тамара Атанасовска и Давид Николов.

Ние доминиравме во сите аспекти на фудбалската игра, успеавме да отвориме со погодок за 1-0 преку Дамјан Тодоровски.  Нашата добра игра ја наградија со голови Тамара Атанасовска  и Давид Николов со чии погодоци успеавме да поведеме со убедливи 3-0. До крајот на првиот дел нашиот тим имаше уште еден погодок во мрежата на домаќинот на овој пријателски дуел, Шиљковски Стефан ги постави конечните 4-0, резултат со кој се замина на пауза.

Истиот играч кој со гол го „затвори“ првиот дел, погоди и во вториот период за „петарда“ односно за водство со 5-0. Со неговиот втор и трет гол на вчерашниот меч, Николов  Давид зголеми на 7-0. Во вториот дел постигнавме идентичен број на голови како и во првиот, четири. За нашиот тим погодокот за конечните 8-0 го постигна Милан Дихов.