Порази за генерациите 2006 и 2007 на контролните дуели со Гостивар

(Фотогалерија) Победа за кадетите на Кул во дуелот со Тетекс
08/27/2020
(Фотогалерија) Пораз за генерација 2007 на мечот со Гостивар
08/28/2020

Порази за генерациите 2006 и 2007 на контролните дуели со Гостивар

Во текот на вчерашниот ден, генерациите 2006 и 2007 на Кул беа гости на екипата на Гостивар со која одигравме пријателски натпревари и на кои забележавме порази.

Генерацијата 2006 прва излезе на теренот, натпревар на кој одигравме солидно прво и лошо второ полувреме. Првите две шанси за отварање на резултатот ги имаа токму нашите момци. Олег Михајловски од околу 20.метри се обиде да го изненади голманот на Гостивар, кој го одбрани неговиот удар, додека во следната акција од левата страна се создаде прилика и за Антони Динов, кој биеше, но резултатот остана непроменет. После една голема грешка во нашата одбрана, екипата на Гостивар успеа да казни и да го отвори резултатот на 1:0. Имаа домаќините уште два обиди, но нашиот голман, Јован успешно одбрани. На полувреме се замина со резултат 1:0.

Во вториот дел, Гостивар даде набрзина уште три голови во нашата мрежа, период во кој Кул имаше неколку прилики, барем за постигнување на почесен гол. Од слободен удар се обиде Константино Горгиовски, но голманот на Гостивар го скроти ударот, додека шанса имаше и Олег Трифуновски, кој продре од десната страна, упати удар, но противничкиот чувар на мрежата одлично интервенираше и спречи израмнување на резултатот.

Домаќинот ги искористи своите прилики, поведе и со 2:0 додека Јован Михов кај нас имаше можност за погодок, откако Динов му додаде топка во противничкиот шеснаесетник, на која налетна Михов, но без реализација.Следеа нови два погодоци за противникот за високо водство од 0:4, а последен кој се закани кај нас беше Лео Јовевски, кој шутира одлично, голманот ја зафати топката доволно да ја погоди пречката и да не заврши во мрежата. На крајот поразот дојде со конечни 0:4

Стартните 11 за Кул: Јован Ѓоргиевски, Петар Лазовски, Петар Трпевски, Тео Давковски, Лео Јовевски, Марко Костовски, Матеј Стојановски, Константино Горгиовски, Олег Михајловски, Стефан Душковски, Антони Динов.

Во игра влегоа уште и Јован Михов, Симона Меијер, Никола Јовановски, Дамјан Спасовски, Јаков Николовски, Мики Илиев и Олег Трифуновски. 

Во дуелите со Гостивар, поразена беше и генерацијата 2007. Конечниот резултат на овој меч гласеше 6:1. По првото полувреме резултатот беше 3:0, период во кој немавме ниту една шанса кон противничкиот гол. Марко Блажовски беше играчот кој во вториот дел, имаше прилика, кога се реши да бие од околу 20.метри, одличен удар на нашиот играч, но топката заврши за малку крај голот.

Екипата на Гостивар за брз период постигна уште три гола, за убедливи 6:0. Меѓувремено имавме прилики преку Бранковски и Стефановски, но резултатот остана непромент. Почесен гол за Кул постигна новото засилување Стефан Бранковски, кој погоди од белата точка, за намалување на 6:1, додека од истава позиција, домаќинот не реализираше, односно нашиот голман Андреј Јованов успеа да го одбрани пеналот.

Тренерот Нешовски стартуваше со следниве 11-сетмина: Макс Хаџиќ, Газмент Ламаљари, Михаил Крстевски, Даниел Николовски, Јане Цветков, Петар Мицевски, Марко Блажовски, Петар Сандев, Марко Стефановски, Стефан Бранковски, Фисник Ламаљари.