На квалитетен тест меч, пионерите на Кул поразени од тимот на Работнички

(Фотогалерија) Помладите пионери на Кул подобри од Македонија Ѓ.П
08/29/2020
(Фотогалерија) Подготвителен меч за пионерите против екипата на Работнички
08/30/2020

На квалитетен тест меч, пионерите на Кул поразени од тимот на Работнички

Пионерите на ФК Кул, попладнево на теренот „Локомотива“ во населбата Карпош 3 одиграа квалитетен тест натпревар со екипата на Работнички. Мечот го доби противникот, со резултат 0:2.

Силна контрола за момците на Един Нурединоски, кои сепак покажаа дека на нив може сериозно да се смета и дека за секој противник ќе бидат „тврд орев“. Денес Работнички беше подобриот тим на теренот, но нашите момци не беа надиграни, се боревме за секоја топка на теренот, а првата посериозна прилика за отварање на резултатот ја имавме токму ние. Одлична акција во која учествуваа Љубомир Стојановски и Антонијо Стојановски, од десеттина метри биеше Антонијо, но топката за малку заврши крај голот на противникот.

Работнички имаше поголем посед на топка, но ние успешно одолевавме на нивните напади. Сепак после една акција на гостинот, и нафрлена топка од десната страна, на вистинското место се најде еден од противничките играчи, кој донесе водство на својот тим од 0:1. Овој резултат беше и актуелен на полувреме, Работнички постигна уште еден гол, но беше поништен поради офсајд позиција.

Во вториот дел мора да обележиме две одлични интервенции на нашиот голман, Мартин Цветковски, кој во две опасни прилики на Работнички го спаси нашиот гол. Се играше на средината на теренот, немаше големи возбудувања во овој дел од натпреварот. Ние се обидовме преку Кадриовски и Стојановски, но немаше промена на резултатот. Во последната минута од мечот, со брз контра напад, Работнички реализира уште еднаш, за конечни 0:2 на овој силен контролен натпревар.

Тренерот Нурединоски стартуваше со следниве 11-сетмина: Мартин Цветковски, Јован Митревски, Бојан Јанкулоски, Љубомир Стојановски, Филип Стајковски, Антонијо Стојановски, Никола Крстевски, Васко Ѓоргиевски, Михаил Стаменковски, Бојан Ристевски и Јордан Петровски.

Во игра влегоа уште и Рамадан Кадриовски, Бодан Тодоровски, Ангел Петрушевски и Лука Миленковиќ.