Триумф за помладите пионери на ФК Кул на контролниот дуел со Македонија Ѓ.П

(Фотогалерија) Генерациите 2006 на Кул и Гостивар одиграа пријателски натпревар
08/29/2020
(Фотогалерија) Помладите пионери на Кул подобри од Македонија Ѓ.П
08/29/2020

Триумф за помладите пионери на ФК Кул на контролниот дуел со Македонија Ѓ.П

Утрово на теренот „Локомотива“ контролен натпревар против екипата на Македонија Ѓ.П одиграа помладите пионери на ФК Кул. Избраниците на Саше Божиноски стигнаа до победа, која беше изразена со резултат 3:0.

Имавме доминација на овој дуел и поголем посед на топка. Бевме поконкретни од противникот и на крајот стигнавме до триумф. Пред да го отвориме резултатот, Александар Богданоски беше играчот кој ги имаше првите обиди кон противничкиот гол.

Во првиот обид од прекин шутираше крај голот, додека во вториот шутираше по земја, но без реализација. Успеавме да го отвориме резултатот со голот на Даниел Васиќ, откако нашиот играч успеа со умерен и прецизен удар по земја да го совлада голманот на Ѓорче, од левата страна топка нафрли Наков, истата стигна до Васиќ кој од прва биеше и ја погоди мрежата за предност од 1:0. До крајот на првото полувреме прилика имавме и преку Андреј Стојановски, но одбрани голманот на гостите.

И во второто полувреме покажавме многу повеќе од екипата на Македонија Ѓ.П. До предност од 2:0 дојдовме после една одлична акција во која учествуваа четири играчи. Се започна од денес одличниот Матеј Цветановски кој имаше неколку прецизни топки до своите соиграчи, токму од него започна се во постигнување на вториот гол. Додаде до Наков, овој до Бундалески, кој несебично врати за Александар Богданоски кој погоди за зголемување на резултатот.

Пред да го постигнеме и третиот гол, имавме прилики преку Цветановски, Богданоски и Симоновски, кој се најдоа во прилика, но немаше погодок. До крајот на дуелот постигнавме уште еден гол, повторно дело на Даниел Васиќ, кој со лоб удар го матираше голманот на Ѓорче, за водство од 3:0, после одлична асистенција од Бундалески.

Мечот го стартувавме со следниве 11-сетмина: Јордан Јосифов, Стефан Симоновски Матеј Митревски, Петар Станковски, Лука Мицевски, Максим Бундалески, Матеј Цветановски, Андреј Стојаноски, Даниел Васиќ, Борјан Наков и Александар Богданоски.

Во игра влегоа уште и Стефан Петрушевски, Александар Блажевски, Горјан Георгиевски и Матеј Здравковски.