Во петок контролни дуели за пионерите и младинците против екипата на Тетекс

(Фотогалерија) Еден гол го реши победникот на пријателскиот дуел меѓу кадетите на Кул и Македонија Ѓ.П
08/31/2020
Успешна контрола за повозрасните петлиња, совладан Њу Старс со голови во вториот дел
09/02/2020

Во петок контролни дуели за пионерите и младинците против екипата на Тетекс

Во петок ( 04.09) не очекуваат контролни натпревари во пресрет на новата натпреварувачка сезона. Активни ќе бидеме со пионерите и младинците, кои ќе одиграат мечеви против екипата на Тетекс.

Ова ќе биде прв пријателски меч за генерацијата 2002 ( младинци), додека за генерацијата 2004 ( пионери) ова ќе биде второ соочување со екипата на Тетекс, со оглед дека со истиов противник одигравме дуел и во Тетово, на кој далеку поуспешен беше нашиот тим кој славеше триумф со резултат 1:7.

Натпреварите против екипата на Тетекс се закажани за петок на теренот „Цементарница“ , истите ќе се одиграат во термините од 16:00 и 17:30 часот.