Успешна контрола за повозрасните петлиња, совладан Њу Старс со голови во вториот дел

Во петок контролни дуели за пионерите и младинците против екипата на Тетекс
09/01/2020
(Фотогалерија) Триумф за генерација 2006 на пријателскиот меч против Њу Старс
09/02/2020

Успешна контрола за повозрасните петлиња, совладан Њу Старс со голови во вториот дел

Нашиот клуб продолжува со одигрување на контролни натпревари, а активна во текот на вчерашниот ден беше генерацијата 2006 на ФК Кул. На теренот на „Цементарница“ гостуваше екипата на Њу Старс, која ја победивме со резултат 3:0.

Избраниците на Саше Божиноски беа подобрата екипа на теренот и заслужено стигнаа до победата, која можеше да биде и порано обезбедена доколку ги искористивме своите шанси. Во првото полувреме не видовме многу прилики кон двата гола, како двете екипи да ги испитуваа силите, се играше по средината на теренот и немаше опасности кон двата голмани. За одбележување е само ударот на Стефан Душковски, како и една одлична одбрана на нашиот голман, Јован Ѓоргиевски. По првото полувреме резултатот беше непроменет 0:0.

Во вториот дел видовме поинаква слика на теренот. Нашите надежи тргнаа фуриозно кон голот на Њу Старс, па прашање на време беше кога ќе го отвориме резултатот. Првата голема прилика во овој дел од мечот ја имавме преку Олег Михајловски, откако доби одлична топка од Михов, но сепак голманот на противникот одлично одбрани и спаси негатива за својот тим. Имавме желба за постигнување на погодок, продолжуваме со нападите, Марко Блажовски можеше да го изненади голманот, кога сакајќи да упати центар шут, за малку ќе го загрозеше голот на гостите, додека обид имаше и Петар Трпевски, но без реализација.

Уште една голема прилика за Кул, овој пат преку Марко Костовски, кој само од некоку метри не успева да го совлада голманот на Њу Старс, иако имаше можност да донесе предност. Како што напоменавме беше прашање на време кога ќе попушти противничката одбрана. Се играше акција од левата страна, кога после нафрлена топка, Никола Јовановски беше играчот кој донесе водство од 1:0. После одличен продор на Петар Трпевски кој заврши со прецизен удар, поведовме и со 2:0, додека конечните 3:0 беа поставени после авто гол на Њу Старс, откако после прекин нафрли Константино во противничкиот шеснаесетник, а еден од играчите на гостинскиот тим со глава ја заби топката во својата мрежа.

Стартниот состав: Јован Ѓоргиевски, Петар Лазовски, Петар Трпевски, Тео Давковски, Лео Јовевски, Олег Трифуновски, Матеј Стојановски, Константино Горгиовски, Олег Михајловски, Стефан Душковски, Антони Динов.

Играа уште и Јован Михов, Симона Меијер, Никола Јовановски, Јаков Николовски, Мики Илиев и Марко Костовски.