Победа за генерација 2007 на Кул, совладана Македонија Ѓ.П на контролен меч

(ВИДЕО) Најинтересните моменти и головите од триумфот на генерација 2006 против Њу Старс
09/03/2020
Претстојниов викенд не очекуваат шест контролни натпревари
09/04/2020

Победа за генерација 2007 на Кул, совладана Македонија Ѓ.П на контролен меч

Утрово на теренот во Ѓорче, генерацијата 2007 на Кул одигра пријателски меч со врсниците од екипата на Македонија Ѓ.П. Избраниците на Ѓорѓија Нешовски стигнаа до висока победа, која беше изразена со резултат 3:6.

Добар меч за нашите млади надежи кои стигнаа до првиот триумф на подготвителниот период. Иако домашниот тим успеа прв да поведе на овој меч и да го отвори резултатот на 1:0, екипата на Кул до крајот на првиот дел направи целосен пресврт. Најпрво Фисник Љамалари успева да донесе израмнување, додека нашето ново засилување Стефан Бранковски успеа да погоди за прво водство од 1:2. По примениот гол заигравме подобро и поцврство, па како резултат на тоа се случи и пресврт во резултатот.

Бевме подобрата екипа на теренот и во вториот дел од мечот, создадовме повеќе прилики од противниот, додека поседот на топка беше во наша корист. После една наша акција, тимот на Македонија Ѓ.П успева да си постигне и авто-гол, што значеше водство од 1:3. Во листата на стрелци успева да се запише и нововлезениот Стефан Крстановски кој го совлада голманот на домаќинот за предност од 1:4.

Следеше период од 15 минути во кој екипата на Македонија Ѓ.П успеа да постигне два гола во нашата мрежа и да го намали резултатот на 3:4. Се играше со брзо темпо на мечот, а продолжија и погодоците. Со вториот гол на Фисник Љамалари поведовме со 3:5, додека позитивата од три гола предност со својот втор гол ја врати Стефан Бранковски кој ги постави конечните 3:6 на овој пријателски меч.

Стартниот состав на Кул: Макс Хаџиќ, Михајло Крстевски, Гаврил Петаноски -Стојанов, Газменд Љамалари, Стефан Пешевски, Марко Блажовски, Петар Мицевски, Стефан Бранковски, Лука Тасевски, Марко Стефановски и Фисник Љамалари.

Во игра влегоа уште Андреј Јованов, Андреј Русовски, Даниел Николовски и Стефан Крстановски.