ФК КУЛ генерација 2006 одигра реми со Драчево

(ФОТО) Најмладите членови на ФК КУЛ, генерација 2012 и помали вредно тренираат
09/05/2020
ФК КУЛ генерација 2009 со „петарда“ го совлада Драчево
09/05/2020

ФК КУЛ генерација 2006 одигра реми со Драчево

Денес на теренот „Локомотива“ генерацијата 2006 на ФК КУЛ беше домаќин на ФК Драчево. Повозрасните петлиња на Кул, предводени од  Сашо Божиноски во еден одличен тест-натпревар дојдоа до реми 0-0.

ФК Кул овој меч го започна со следниот состав: Јован Ѓорѓиевски, Петар Лазовски, Петар Трпевски, Тео Давитковски, Олег Трифуновски, Матеј Стојановски, Константино Горгиовски, Олег Михајловски, Стефан Душковски, Марко Блажовски и Јован Михов.

Во текот на првиот дел двата тима играа црвст натпревар, без голем број на прилики. Се надигрувавме помеѓу двата казнени простори, двата колектива забележаа по две шанси да го отворат мечот со погодок. Ривалот се закани два пати по ред, во двете прилики нашиот голман Јован Ѓорѓиевски беше на висина на задачата. Голема прилика имавме преку Константино Горгиовски чии удар го одбрани голманот на ривалот, потоа Марко Блажовски се обиде сепак топката беше блокирана. Првиот дел заврши со почетните 0-0, со најава за возбудлив втор период.


Вториот дел започна со наша офанзива, ние први имавме шанса. По еден продор наш играч беше соборен во зоната на удар, топката ја зема Константино Горгиовски. Изведе прекрасен слободен удар од 25.метра кој за жал заврши во гредата, потоа имавме доминација во поле. Поседот на топката донесе неколку прилики, најпрвин Јован Михов се обиде, потоа прилики имаше Симона Меијер  која донесе свежина во нашите редови со своето влегување, таа пропушти голема шанса со глава да го отвори резултаот. Блажовски исто така се обиде, противникот се закани во финишот. На нашиот гол во вториот дел влезе голманот Василев кој успеа да ја зачува својата мрежа недопрена.

На денешниот натпревар играа уште: Василев, Симоновски, Меијер, Јовановски, Илиев, Спасовски  и Костовски.