ФК КУЛ генерација 2012 со нова „контролка“ и со нова победа

ФК КУЛ генерација 2009 со „петарда“ го совлада Драчево
09/05/2020
(Фотогалерија) Реми за ФК КУЛ генерација 2006 на дуелот против Драчево
09/06/2020

ФК КУЛ генерација 2012 со нова „контролка“ и со нова победа

Денес, вториот  контролен дуел го имаше ФК Кул генерација родени 2012 година. Избраниците  Мирослав Тодоровски ја пречекаа екипата на ФК Драчево, на вториот пријателски натпревар тие дојдоа до втората победа со резултат 5-2 . За потсетување минатата недела гостуваа кај тимот на ФК Карев и остварија убедлива победа со резултат 8-0.

ФК Кул состав: Михаил Лазаревски ; Клео Горгиовски ; Дамјан Тодоровски ; Стефан Шиљковски ; Михаил Динов ; Стефан Николовски ; Ангел Симоновски ; Тамара Атанасовска ; Давид Николов ; Кристијан Миленковски .

Победата ја  обезбедивме рано, ние доминиравме во целиот тек на натпреварот .  Одигравме три периода по 15.минути на оваа средба, во секој од нив погодувавме. За 1:0 стрелаше Давид Николов, нашата предност ја удвои  Кристијан Миленковски.

Потоа за  3:0  стрелаше Стефан Шиљковски, а неговиот имењак  Николовски  погоди за 4:0. Противникот намали на 4:1, конечните 5:1 ги постави единствената дама во нашиот состав, Тамара Атанасовска.