ФК КУЛ генерација 2010 имаше лесна задача со Драчево

(Фотогалерија) Реми за ФК КУЛ генерација 2006 на дуелот против Драчево
09/06/2020
Одигран првиот тест-натпревар за генерација 2008 на ФК КУЛ
09/06/2020

ФК КУЛ генерација 2010 имаше лесна задача со Драчево

ФК КУЛ генерација 2010 имаше натпревар со тимот на Драчево на гостински терен, нашите момци одиграа дуел на кој имаа целосна „хегемонија“ победувајќи со високи 14-0 (8-0).

Првиот период го добивме со 8-0, имавме повеќе од поседот создававме дузина шанси, голем дел од нив беа крунисани со ефективни погодоци. Марио Стојчевски отвори со погодок за 1-0. Головите за нашите момци во овој прв период ги постигнаа тројца наши фудбалски надежи. Стојчевски погоди три пати колку и Огнен Јаков. Два голови зад своето име впиша Стефан Ацковски.

Вториот период беша налик на првиот, ние доминиравме и од минута во минута ја зголемувавме предноста над противникот. Победата дојде со резултат 14-0, односно погодивме уште шест пати. Тие беа дело на пет различни момци, два пати погоди Марио Стојчевски, по еден гол имаа: Никифор Дамјаноски, Давид Донев, Матеј Андреевски и Ацковски. Неколку интервенции во овој дел имаше на нашиот гол Крстевски Калин.