Стефан Бранковски го засили тимот на ФК КУЛ генерација 2008

(Фотогалерија) ФК КУЛ генерација 2009 го совладаа Драчево со 5:1
09/07/2020
(Фотогалерија) ФК КУЛ со генерациите 2008 и 2010 гостуваше во Драчево
09/07/2020

Стефан Бранковски го засили тимот на ФК КУЛ генерација 2008

Нов член на ФК КУЛ е Стефан Бранковски, тој ќе ја засили нашата генерација родени 2008 година.

Бранковски претходно играше за екипата на Вардар, потоа во тимот на ФК Пандев од каде минува во нашите редови. Станува збор за квалитетен играч кој се одлучи да ја продолжи кариерата во нашиот клуб, неговото доаѓање ќе ја засили конкуренцијата во нападот каде што настапува нашиот нов член.

 

Исто така Бранковски има голем број погодоци во своите настапи во претходните клубови, често беше клучен играч за освојувањето на пехарите во детската лига и на меѓународните турнири.