Женскиот тим на КУЛ доби покана од „Американската амбасада“ за средба со селекторот на светскиот шампион

(ВИДЕО) ФК КУЛ генерација 2006 на „мегдан“ со Драчево
09/08/2020
(Фотогалерија) „Неуморната“ женска екипа на КУЛ продолжува со напорни тренинзи
09/10/2020

Женскиот тим на КУЛ доби покана од „Американската амбасада“ за средба со селекторот на светскиот шампион

Утре, Американската амбасада во Македонија организира „евент“ во Градскиот Парк-Скопје. На истиот ќе присуствува Влатко Андоновски, македонски фудбалски стручњак и селектор на светскиот првак, женската фудбалска селекција на САД.

На „Школка“ амбасадата ќе го пречека селекторот на нивната репрезентација. За овој настан покана има фудбалскиот клуб „КУЛ“ кој ќе присуствува со дел од својата женска екипа. Тие ќе имаат прилика да се запознаат со човекот кој потекнува од кај нас и кој е на кормилото на најсилната женска фудбалска селекција на планетата.