(ФОТО) Младите фудбалерки на КУЛ го остварија својот сон, селекторот на САД им го покажа патот кон успехот

(Фотогалерија) „Неуморната“ женска екипа на КУЛ продолжува со напорни тренинзи
09/10/2020
Нови пријателски натпревари за ФК КУЛ, три различни противници за нашите генерации
09/11/2020

(ФОТО) Младите фудбалерки на КУЛ го остварија својот сон, селекторот на САД им го покажа патот кон успехот

Талентираните фудбалерки на Кул денес го остварија својот сон, имаа можност да поразговараат, фотографираат и слушнат совети од селекторот на женската репрезентација на САД, која е актуелен светски Шампион.

Денес во Градскиот Парк се одржа настан кој беше организиран од страна на Американската Амбасада. Женскиот тим на Кул се запозна со Влатко Андоновски кој потекнува од кај нас и кој ја предводи селекцијата на САД која е светски Шампион. Андоновски се запозна со фудбалерките на Кул, се работи за надежни играчи кои во иднина можат да станат и репрезентативки на Македонија. Неговите совети ќе бидат од непроценливо искуство за младите играчи на нашиот клуб кои напорно тренираат и се надеваат дека еден ден ќе ги остварат своите цели.