Генерација 2008 на ФК КУЛ одигра со нерешен резултат против екипата на Отоман

ФК КУЛ генерација 2011 со голема борба дојде до реми со повозрасниот тим на ФК Отоман
09/13/2020
(Фотогалерија) Помладите ги победија повозрасните пионери на меѓусебен контролен дуел
09/14/2020

Генерација 2008 на ФК КУЛ одигра со нерешен резултат против екипата на Отоман

Генерацијата 2008 на ФК Кул го одигра и вториот контролен натпревар во подготвителниот период. Утрово на теренот „Локомотива“ гостин ни беше екипата на Отоман од Чаир, против која ремизиравме со резултат 1:1.

Можеме да кажаме дека имавме повеќе шанси на овој пријателски дуел, но сепак среќата не беше на наша страна. Противникот успеа да не казни поради нереализираните шанси и да го израмни резултатот. По првото полувреме , резултатто беше оној почетниот 0:0. Драган Лазаров беше играчот кој се закани прв, голманот на Отоман успешно одбрани, додека Калин Лупевски шутираше за малку над голот на противникот. Најзрелата прилика во првиот дел за отварање на резултатот ја имавме во една акција кога во три наврати не успеавме да ја погодиме мрежата, а Бранковски ја погоди и пречката. За одбележување се и неколку интервенции на нашиот голман, Ангел Цветевски.

Во вториот дел видовме два гола, по еден на двете страни. Конечно после неколку нереализирани прилики, успеавме да погодиме за 1:0, со голот на Стефан Бранковски, кој погоди после добра акција во која како асистент се најде Тарик Муртиќ. Врати екипата на Отоман и успеа да го совлада нашиот голман за израмнување на 1:1. После примениот гол, тргнавме кон голот на противникот, најзрелата прилика ја имаше Бранковски кој ја погоди пречката, денес едноставно среќата не му беше наклонета на овој играч кој пружи одлична партија на теренот. Лесно можевме и да погодиме, кога после избивање на голманот, топката во грб го удри Бранковски, но истата повторно заврши во пречката. До крајот на мечот се обидовме и преку Филип Димковски, но немаше промена на резултатот. Конечни 1:1 на овој пријателски дуел кај генерацијата 2008.