Победа за пионерите на ФК КУЛ, на гостувањето кај екипата на Милано

Нови пет контролни дуели за екипите на ФК Кул, во Скопје ќе пристигне тимот на Гостивар, кадетите патуваат за Куманово
09/15/2020
Со пресврт во вториот дел помладите пионери загубија од екипата на Милано
09/15/2020

Победа за пионерите на ФК КУЛ, на гостувањето кај екипата на Милано

Пионерите на фудбалскиот клуб Кул со победа се враќаат од гостувањето во Куманово. Попладнево на теренот во Куманово, генерацијата 2004 одигра контролен натпревар со екипата на Милано, која го доби во своја корист.

Одличен натпревар одиграа избраниците на Един Нурединоски, кој го добија минимално со резултат 0:1. Видовме „тврд“ натпревар на кој имавме поголем дел од играта и заслужено стигнавме до победата. Првата прилика во нашите редови ја имаше Бојан Јанкуловски, акција во која одбрани голманот на Милано, додека најголемата шанса за отварање на резултатот ја имаше Филип Стајковски кога од десеттина метри ја погоди пречката од противничкиот гол. Во првиот дел нашиот голман, Мартин  Цветковски, немаше многу работа, одбраната ги затвори сите приоди кон нашиот гол, па не му дозволивме на домашниот тим да создаде некоја сериозна прилика за погодок.

И во вториот дел се обидувавме да го отвориме резултатот. Рамадан Кадриовски од десната страна сакајќи да ја нафрли топката, истата доби незгоден правец, па лесно можеше да заврши позади грбот на противничкиот чувар на мрежата. Во шанса се најде и Љубомир Стојановски, која остана нереализирана. Иницијативата ја претворивме со погодок, кога од десната страна топка во противничкиот шеснаесетник нафрли Антонијо Стојановски, највисок во скокот беше Јован Митревски кој со глава ја заби топката во мрежата на Милано, за предност од 0:1. Во последните пет минути имавме можност и за удвојување на водството, но голманот на Милано го спречи одличниот удар на Михаил Стаменковски.

Стартните 11 на овој натпревар: Мартин Цветковски, Јордан Петровски, Јован Митревски, Лука Мицевски, Никола Крстевски, Матеј Цветановски, Филип Стајковски, Антонијо Стојановски, Рамадан Кадриовски, Бојан Јанкуловски и Љубомир Стојановски.

Во игра влегоа уште и Михаил Стаменковски, Марко Мицевски и Владимир Стефановиќ.