Со пресврт во вториот дел помладите пионери загубија од екипата на Милано

Победа за пионерите на ФК КУЛ, на гостувањето кај екипата на Милано
09/15/2020
(Фотогалерија) Избраниците на Нурединоски стигнаа до победа во дуелот со Милано
09/16/2020

Со пресврт во вториот дел помладите пионери загубија од екипата на Милано

Помладите пионери на ФК Кул го загубија контролниот натпревар против екипата на Милано, кој попладнево се одигра на теренот во Куманово. Иако имавме предност од 0:1 после завршување на првиот дел, сепак во второто полувреме домаќинот постигна два гола и триумфираше со конечни 2:1

Андреј Стојаноски и Стефан Петрушевски ги имаа првите директни удари кон голот на Милано, кои се за одбележување. Бевме подобри во првото полувреме, откако создадовме голема прилика да поведеме преку Богданоски. Се играше акција на нашиот тим, кога Васиќ додаде до Богданоски, нашиот напаѓач биеше но топката заврши во стативата. Сепак во првото полувреме од дуелот се стекнавме со предност. Тргна акција од Трајчевски кој додаде до Наков, овој нафрли во противничкиот шеснаесетник го пронајде Александар Богданоски, кој од прва биеше совладувајќи го голманот на Милано, за водство од 0:1 на полувреме.

Во вториот дел, Милано некако делуваше посвежо на теренот, создаде неколку шанси, од кои две ги претвори во гол. На израмнувачкиот гол „кумуваше“ несигурната интервенција на нашиот голман, со која домаќинот постигна гол и израмни на 1:1. Во следниот период од натпреварот, кумановчани ја погодија и пречката од нашиот гол, додека кај Кул се закани Симоновски кој после нафрлена топка од корнер биеше над голот. Обид од слободен удар имаше и Богданоски, кој бие по земја, ударот беше лесен плен за домашниот голман.

За одбележувањ се и две одбрани на нововлезениот голман, Андреј Стојановски. Сепак, Милано постигна и втор гол, после нафрлена топка од десната страна, во нашиот голмански простор највисок беше еден од противничките играчи, кој со глава погоди за резултатски пресврт од 2:1, резултат кој беше и конечен на овој пријателски дуел.

Стартниот состав со кој настапија помладите пионери: Јордан Јосифов, Стефан Симоновски, Александар Трајчевски, Петар Станковски, Матеј Митревски, Максим Бундалески, Андреј Стојаноски, Стефан Петрушевски, Даниел Васиќ, Борјан Наков, Александар Богданоски

Во игра влегоа Андреј Стојановски и Александар Блажески.