ФК КУЛ генерација 2006 триумфално на средбата со Гостивар

Кадетите на ФК КУЛ триумфално на гостувањето во Куманово
09/16/2020
Одличен натпревар и победа за генерација 2008 на ФК КУЛ, во дуелот со Гостивар
09/16/2020

ФК КУЛ генерација 2006 триумфално на средбата со Гостивар

Денес на стадионот „Цементарница“ тимот на ФК КУЛ генерација 2006 ја пречека екипата на  ФК Гостивар на контролен натпревар. Избраниците на Саше Божиноски успеаа да дојдат до победа со резултат 3:2, во меч во кој покажаа карактер.

ФК Кул овој меч го започна со следниот состав: Јован Ѓорѓиевски, Петар Лазовски, Петар Трпевски, Симона Меијер,  Лео Јовевски, Марко Блажовски, Олег Трифуновски, Матеј Стојановски, Константино Горгиовски, Олег Михајловски, Стефан Душкоски.

Противникот имаше две пречки на почетокот од удари чија што намена беа да бидат нафрлени топки од работ на теренот. Далеку повеќе посед во поле имааа момците во жолти дресови, надежите на Кул доминираа помеѓу двата казнени простора. Константино се обиде со удар од дистанца, неговиот шут го фати голманот на Гостивар. Блажовски имаше потоа голема прилика за водство која не ја реализираше. Наградата за трудот дојде кога од слободен удар нафрли  Горгиовски, топката во лет одлично со глава во мрежата на гостиварчани ја спроведе Стефан Душкоски.

Нашиот голман, Јован Ѓорѓиевски имаше во првиот дел три одлични интервенции при нападите на противникот, бранејќи зицери. До крајот се обиде Олег Трифуновски чиј удар заврши крај голот на противникот. Од слободен удар во последните моменти во вториот дел, Гостивар успеа да изедначи на 1-1.

Почетокот на вториот дел беше целосно во знакот на Олег Трифуновски. Најпрвин по убава акција одлично на самиот почеток на овој период погоди за водство со 2:1. После пет минути покажа вистинско „лукавство“ успеа да украде една топка на одбраната, мина еден чувар , а потоа и голманот стрелајќи за високи 3:1. Ние имавме посед и во овој период, Гостивар се закани со две контри кон нашиот гол. По една акција на ривалот, навидум безопасна примивме погодок за намалување на 3:2. По голот повторно тргнавме офанзивно, имавме одлични длабочински топки, одбраната на Гостивар успеваше со крајни напори да одолее. Нововлезениот Филип Спасовски се обиде со волеј, неговиот удар заврши крај левиот директ од голот на противникот.

На денешниот натпревар играа уште: Василев, Ф.Спасовски, Д.Спасовски, Јовановски, Михов, Илиев   и Костовски.