Кадетите на ФК КУЛ триумфално на гостувањето во Куманово

(Фотогалерија) Генерацијата 2005 на ФК КУЛ одигра контролен дуел со екипата на Милано
09/16/2020
ФК КУЛ генерација 2006 триумфално на средбата со Гостивар
09/16/2020

Кадетите на ФК КУЛ триумфално на гостувањето во Куманово

Кадетите на ФК КУЛ денес гостуваа кај тимот на ФК Куманово во истоимениот град, на овој тест-натпревар нашите момци дојдоа до победа со погодоци во вториот дел. Избраниците на Един Нурединоски на овој натпревар триумфираа со резултат 0:2 (0:0).

Стартниот состав на Кул на денешниот дуел беше следен: Андреј Ројчинов, Дамјан Ивановски, Филип Кузмановски, Дамјан Ивановски, Бојан Ристевски, Лука Алексоски, Стефан Здравески, Ангел Петрушевски, Томи Станковски, Филип Јаневски и Никола Николов.

Првиот дел заврши со почетниот резултат,  мрежите на Андреј Ројчинов и домашниот „чувар на мрежата“ мируваа по првиот период. На одмор помеѓу двата дела се замина со резултатска симетрија 0:0.
Победата ја обезбедивме во вториот период, отворивме со погодокот на Ангел Петрушевски, кој стрелаше за 1:0. Нашата добра игра беше наградена со погодок за удвојување на предноста. За 2:0 погоди  Никола Николов , резултат кој подоцна се покажа како конечен на оваа тест-средба со ривалот од Куманово.

Во игра влегоа уште : Лука Миленковиќ, Леонид Стојчевски, Бодан Тодоровски и Ѕвездан  Мицески.