Генерацијата 2009 ја прекина серијата на победи

Одличен натпревар и победа за генерација 2008 на ФК КУЛ, во дуелот со Гостивар
09/16/2020
(Фотогалерија) ФК КУЛ генерација 2006 победнички на дуелот со ФК Гостивар
09/17/2020

Генерацијата 2009 ја прекина серијата на победи

Екипата на Гостивар ја прекина серијата победи за генерацијата 2009 на контролните натпревари. Иако имавме предност од 3:0, екипата на Кул на крајот го загуби натпреварот кој изобилуваше со голем број на шанси и погодоци.

Милан Пајовиќ ја имаше првата голема шанса да го отвори резултатот на овој натпревар, но голманот на гостите не дозволи брза негатива за својот тим. Игравме добро во првото полувреме, текот на мечот навестуваше дека можеме лесно да го добиеме противникот, како што беше случај и на гостувањето кај истиов противник.Избраниците на Нешовски успеаа да го отворат резултатот, кога Матеј Ивановски после додавање од Пајовиќ, се најде на вистинското место и погоди за 1:0. Бевме во налет кон противничкиот гол, делувавме посвежо на теренот и постојано создававме шанси. После една одлична акција на Меланија Грозданова која асистираше, Симоновски не успеа да погоди од изгледна прилика. Повторно нашето девојче Меланија во улога на асистент, откако нафрли одлична топка за Ивановски, овој биеше од прва но за среќа на Гостивар, топката заврши во стативата.

Добрата игра во овој период од натпреварот ја претвараме со уште еден гол, во листата на стрелци успева да се запише и Петар Симоновски кој зголеми на 2:0. Изгледаше како да имаме контрола на резултатот кога со вториот погодок на Симоновски, нашиот тим поведе и со високи 3:0, но во следната минута, гостинската екипа постигна гол и намали на 3:1. Ќе ја истакнеме добрата одбрана на Божидар Георгиевски, додека лесно можевме да ја вратиме позитивата од три гола, кога Јован Гиевски немаше среќа и ја погоди стативата. На полувреме се замина со резултат 3:1.

Во вториот дел, гостинската екипа полека ја топеше нашата предност, успевајќи да израмни на 3:3. При нерешен резултат, ние имавме убава прилика преку Симоновски кој во два наврати не успеа да го погоди голот. Тоа го казни во целост екипата на Гостивар, направија целосен пресврт и поведоа со 3:4. Можеа и предвреме да го решат натпреварот кога промашија пенал односно пречката од голот беше сојузник на Кочков. Надеж дека можеме да останеме непоразени донесе Јован Гиевски кој израмни на 4:4, но во следната минута противникот врати со нов гол, за конечни 4:5 на овој пријателски натпревар.