Момците на Маџароски, ФК КУЛ генерација 2010 убедливи со Гостивар

(Фотогалерија) ФК КУЛ генерација 2006 победнички на дуелот со ФК Гостивар
09/17/2020
(Фотогалерија) Генерациите 2008 и 2009 одиграа пријателски натпревари со Гостивар
09/18/2020

Момците на Маџароски, ФК КУЛ генерација 2010 убедливи со Гостивар

Вчера, на теренот во Ново Лисиче,  екипата на  ФК КУЛ генерација 2010  ја прослави победата над Гостивар. Момците на Маџароски триумфираа во еден меч во кој имаа повеќе од поседот и играта со резултат   4:1 (2:0).

Ние тргнавме офанзивно, со цел да го отвориме натпреварот со погодок. Релативно брзо успеавме во тоа, погодивме за 1-0 преку Огнен Јаков. Следеше период во кој ние доминиравме на теренот, барајќи удвојување на предноста. Ацковски Стефан беше таличен за одбраната на Гостивар и погоди за 2:0. Потоа промашивме неколку изгледни шанси за зголемување на предноста.

На нашиот гол Крстевски Младен имаше убава интервенција, по која дојде до ситна повреда и беше заменет со Калин Крстевски. Нововлезениот голман исто така забележа одбрана, па така со нивните одбрани успеавме да земинеме на одмор со „чиста мрежа“ и предност од 2-0.

Вториот дел започна со две прилики на сино-белите, нашиот ривал во првата погоди крај голот во втората прилика успешно интервенираше Калин Крстевски. Преполовена беше нашата предност по еден удар од дистанца, Гостивар намали на 2-1 и внесе неизвесност во натпреварот. Ацковски Стефан повторно имаше шанса за одележување и во овој период. Имаше прекршок за нас на 15-20.метри одкосо, топката ја зема Огнен Јаков, изведе прекрасен слободен удар и ја врати нашата предост од два гола, стрелајќи за 3-1.

Печат на победата стави Марио Стојчевски кој од десно погоди под гредата, истиот играч во вториот период, претходно ја погоди конструкцијата од голот на гостинот. Нашата победа дојде со резултат 4-1, со голот  Стојчевски на неколку минути пред крајот.

  • Оваа генерација покрај победата го прослави по мечот и роденденот на нејзиниот член Давид Донев (фото).