На интересен натпревар со многу голови генерациите 2011 на ФК КУЛ и Акад.Пандев одиграа со нерешен резултат

Генерација 2009 на ФК КУЛ ја победи Академија Пандев, на контролен натпревар во Струмица
09/19/2020
(Фотогалерија) Победа против Академија Пандев, на контролен натпревар за генерација 2009 на ФК КУЛ
09/20/2020

На интересен натпревар со многу голови генерациите 2011 на ФК КУЛ и Акад.Пандев одиграа со нерешен резултат

Во еден интересен натпревар, генерациите 2011 на ФК Кул и Академија Пандев одиграа со нерешен резултат 4:4. Денес со четири екипи гостувавме во Струмица, една од нив беше и генерација 2011.

Штета што не стигнавме до победа на овој натпревар, не само поради фактот што имавме предност од 0:2, туку и поради подобрата игра на теренот. Имавме теренска иницијатива, периоди во кои игравме „викторија“ пред голот на струмичани, но сепак на крајот противникот се избори за нерешен резултат. Уште во првите минути од натпреварот, избраниците на Александар Цветковски успеаа да го отворат резултатот, кога Филип Чангов погоди за водство од 0:1, откако одлично асистираше Давид Ночевски.

Следеше и прилика преку Павел Зојчевски, кој шутираше крај голот. Нашата добра игра беше крунисана со уште еден гол, повторно Филип Чангов се најде во улога на голгетер, кој упати прецизен удар, голманот на пандевци немаше време за реакција, па топката заврши во мрежата, за водство и од 0:2. Следеа минути во кои домашниот тим подобро се снајде на теренот, успевајќи да постигне два гола и да го израмни резултатот на 2:2. Можевме по првиот дел да имаме предност, но не успеавме да реализираме преку Лука Белевски, удар кој го одбрани домашниот чувар на мрежата.

И во второто полувреме имавме повеќе од играта, но Академија Пандев се закануваше преку контра напади, кои беа нивно главно „оружје“ на денешниот натпревар. Успеаа да направат и пресврт, откако поведоа и со 3:2 со гол од контра. Пред да бидеме во негатива, имавме шанси преку Стефан Стојановски и Павел Зојчевски, шанси кои за жал остана неискористени. Иако бевме во негатива, продолживме да го напаѓаме голот на противникот, после изведен корнер најдобро се снајде Милош Милошевски кој успева да погоди за израмнување 3:3, додека имавме шанса и преку Стефан Шиљковски. После добра акција успеваме да го вратиме водството, со хет-трикот на Филип Чангов, поведувајќи со 3:4. Сепак не траеше бргу нашата радост, А.Пандев постигна гол за 4:4, резултат кој беше и конечен на натпреварот.

Задоволство од прикажаната игра на нашите момчиња, кои одиграа допадлив фудбал.