Генерација 2009 на ФК КУЛ ја победи Академија Пандев, на контролен натпревар во Струмица

А.Пандев генерација 2010 го совлада тимот на КУЛ
09/19/2020
На интересен натпревар со многу голови генерациите 2011 на ФК КУЛ и Акад.Пандев одиграа со нерешен резултат
09/19/2020

Генерација 2009 на ФК КУЛ ја победи Академија Пандев, на контролен натпревар во Струмица

Генерацијата 2009 на ФК Кул денес гостуваше во Струмица, каде одигра контролен натпревар против екипата на Академија Пандев. Избраниците на Ѓорѓија Нешовски прикажаа одлична игра и забележаа триумф со резултат 4:6.

По првото полувреме имавме предност од 1:2, а прв кој упати директен удар кон противничкиот гол беше Матеј Ивановски, кој денес имаше одличен натпревар. Се закани и домашниот тим, кога еден од противничките играчи упати силен удар кон нашиот гол, но Божидар Георгиевски со добра интервенција не дозволи негатива за Кул. Мора да истакнеме дека бевме многу подобри на теренот, често создававме шанси кон голот на струмичани. Се закани и Гиевски, одбрани голманот на А.Пандев, но во следната акција успеавме да ја затресеме противничката мрежа, преку Петар Симоновски кој донесе водство на Кул од 0:1. Бргу врати домашниот тим, постигна гол за израмнување на 1:1, но нашите надежи ја вратија предноста, кога со вториот гол на Петар Симоновски имавме водство од 1:2

На голот претходеше акција, во која најпрво биеше Меланија Грозданова, одбрани противничкиот голман, на одбиената топка стигна Симоновски кој немаше проблем да ја смести во мрежата. До крајот на првото полувреме ќе ги одбележиме и ударите на Крчаноски, Ивановски и Грозданова, но голманот на А. Пандев одбрани и спречи поголема негатива. Имавме целосна доминација на теренот и немаше да биде незаслужено ако првиот дел го завршиме и со поголема позитива.

Продолживме со офанзивната игра и во вториот дел, во целосен налет беа момците на Нешовски, кои покажаа дека поразот од Гостивар пред некоку дена беше само лош ден. Симоновски имаше две прилики на стартот од вториот дел, но во листата на стрелци се запиша Милан Пајовиќ кој го зголеми резултатот на 1:3.. Противникот успева во следните минути да намали на 2:3 но Матеј Ивановски постигна гол и зголеми на 2:4 Продожи голеадата на овој натпревар, најпрво со првиот погодок на Игор Трпковски поведовме со 2:5 за струмичани да намалат на 3:5.До крајот на дуелот беа постигнати по еден гол во двете мрежи. Најпрво Меланија Грозданова со својот прв гол денес зголеми на 3:6, за А.Пандев да се погрижи за намалување на 4:6, резултат кој беше и конечен на овој пријателски натпревар.

Честитки до целата екипа за денешната победа. Одигравме на високо ниво во текот на целиот натпревар, покрај постигнатите голови имавме уште неколку добри шанси за поголем триумф. Нема многу одмор за оваа генерација, со оглед дека утре на теренот на Локомотива ќе ја пречекаме екипата на Куманово.