А.Пандев генерација 2010 го совлада тимот на КУЛ

Бундалески и Наков ја решија А.Пандев, помладите пионери со победа се враќаат од Струмица
09/19/2020
Генерација 2009 на ФК КУЛ ја победи Академија Пандев, на контролен натпревар во Струмица
09/19/2020

А.Пандев генерација 2010 го совлада тимот на КУЛ

ФК КУЛ генерација 2010 денес гостуваше кај тимот на Академија Пандев во Струмица. Нашиот тим беше поразен на овој дуел со резултат 7:2 (2:1).


Започнавме рамноправно, двата тима имаа по неколку прилики, на нашиот гол Крстевски Младен се истакна со две одлични интервенции. Противникот успеа по една мешаница да поведе со 1-0. Ние успеавме да ја вратиме резултатската симетрија преку Јаков Огнен, тој украде една топка од одбраната го мина голманот и рутинирано по земја стрелаше за 1-1. Пред финишот на првиот дел струмичани погодија за 2-1, резултат кој се покажа како конечен за првиот период.

Вториот дел започна со брзо изедначување, моцмите од ФК Кул успеаа да погодат за 2-2. Стрелец на голот беше Марио Стојчевски, по него Јаков Огнен имаше прилика за целосен пресврт. Игравме против мотивиран противник кој потоа влезе во серија погодувајќи пет пати за високи 7-2. До крајот имаше уште два моменти за одбележување, шансата на Стојчевски Марио и одбаната на Крстевски Младен.