Бундалески и Наков ја решија А.Пандев, помладите пионери со победа се враќаат од Струмица

(ВИДЕО) ФК КУЛ-Гостивар гeнерација 2006 3:2 (1:1)
09/18/2020
А.Пандев генерација 2010 го совлада тимот на КУЛ
09/19/2020

Бундалески и Наков ја решија А.Пандев, помладите пионери со победа се враќаат од Струмица

Денес во Струмица, ФК КУЛ генерација 2005 гостуваше на Академија Пандев и дојде до успех на овој дуел. Момците на Божиноски Саше победија со минимални 1:2 (0:1,) во меч во кој имаа одлична игра.

Мечот го започнавме со следните момци: Андреј Стојановски, Стефан Симоновски, Александар Трајчевски, Петар Станковски, Матеј Митревски, Матеј  Цветановски, Максим Бундалески, Стефан Петрушевски, Андреј Стојаноски,  Даниел Васиќ и Борјан Наков.

Првиот дел ни припадна во целост, ние имавме посед и теренска доминација на овој натпревар. Матеј Цветановски ги имаше првите две прилики за одбележувања, за жал двете не донесоа водство на нашиот тим. Противникот се закани, нашиот голман Стојановски Андеј имаше одлична одбрана. Ние имавме иницијатива, најголемата шанса за гол ја имаше Симоновски Стефан кој од 4-5 метра биеше во голманот на струмичани. Трајчевски беше во продор, противничката одбрана не можеше да го задржи, му направи прекршок по што добивме пенал. Истиот играч во акцијата пред тоа одлично расчисти пред нашиот гол. Ударот од 11.метри го изведе, Максим Бундалески кој шутна силно по земја за наша радост. Со неговиот гол поведовме со 0-1 на 2.минути до крајот на првиот дел.

Вториот дел започна идентично како и првиот период со наша теренска доминација, ние тргнавме по удвојување на предноста. На самиот почеток за 0-2 погоди Борјан Наков по една тимска акција на момците во бели дресови. За жал веќе во следната акција домаќинот погоди и се врати само на гол негатива. Во вториот дел влегоа и Јосифов, Блажевски и Здравковски. Ние со одлична игра во поле успеавме да го исконтролираме дуелот и да дојдеме до триумф на оваа пријателска средба, со конечен резултат од 1:2