Порази за генерациите 2010 и 2011 на пријателските натпревари против Куманово

(Фотогалерија) ФК КУЛ (2010) – ФК Акад.Пандев
09/20/2020
Две победи во серија за генерација 2008, момците на Мики Тодоровски го надиграа тимот на Куманово
09/20/2020

Порази за генерациите 2010 и 2011 на пријателските натпревари против Куманово

Вечерва на теренот „Цементарница“ одигравме контролни натпревари со генерациите 2010 и 2011 кои за противник ја имаа екипата на Куманово. На овие дуели шанса за настап добија играчи кои не играа на минатите пријателски натпревари. Н а двата натпревари бевме поразени.

Генерацијата 2011 загуби во дуелот со екипата на Куманово. Се играа три полувремиња по 15 минути, а подобро се снајде противникот. Први го отворивме резултатот на овој дуел, кога голот на кумановчани го погоди Мартин Коневски за предност од 1:0. Сепак до крајот на првиот дел, противникот успеа да постигне два гола и да има водство од 1:2. Во вториот дел од натпреварот, тимот на Кул имаше прилика преку Зојчевски кој бие за малку крај голот, како и преку Коневски чиј удар го одбрани голманот на гостите. Куманово користи нова прилика за да зголеми на 1:3, резултат кој беше актуелен по завршување на вториот дел од натпреварот.

На стартот од третиот дел, екипата на Куманово постигна нов гол, за високи 1:4, предност која има даваше мирен тек на натпреварот. Сепак нашите млади надежи кои вечерва беа предводени од тренерот Рацо Цветановски не се предадоа. Ја играа својата игра и покажаа желба да се доближат резултатски на противникот. Тоа се случи, кога после една наша акција, Куманово си постигна авто гол, за намалување на 2:4. Со првиот гол на Павел Зојчевски намаливме на 3:4 и стигнавме до само еден гол негатива. Во последните пет минути од натпреварот имавме прилики и за израмнување, преку Коневски и Зојчевски, но голманот на гостинската екипа ги спречи нивните удари и не дозволи израмнување. На крајот победа за Куманово, со конечни 3:4.

Генерацијата 2010 на денешниот натпревар се појави во значително променет состав, сепак тоа не е оправдување за високиот пораз кој го доживеа вечерва. Гостинската екипа се покажа како далеку поквалитетна и славеше триумф со резултат 0:6. Уште по првото полувреме ја завршија својата работа, кога резултатот беше 0:4 во нивна корист. Ние имавме неколку прилики, кои не беа опасност за противничкиот голман. Се надеваме на подобра игра на следните натпревари, Куманово денес беше подобар на теренот и заслужено победи.