СРЕЌЕН 13-ТИ РОДЕНДЕН ФУДБАЛСКА ШКОЛА КУЛ

Филип Темелковски: ФК КУЛ е добро организиран клуб со квалитетни тренери, што е основа за фудбалската кариера на секое дете
09/24/2020
(Фотогалерија) Погледнете како „растевме“ изминативе 13.години низ 180.фотографии
09/28/2020

СРЕЌЕН 13-ТИ РОДЕНДЕН ФУДБАЛСКА ШКОЛА КУЛ

На овој ден пред 13 години се „роди“ идејата за формирање на фудбалска школа. Започнавме со мал број на членови, полека чекоревме , а како изминуваа годините се искачувавме за скалило погоре, за денес да станеме бренд за млади категории во Македонија.

Секој пат до успехот е тежок, на почетокот располагавме со мал број на тренери и деца, но сепак бевме упорни и со голема љубов се посветивме на работата. Земавме учество во детската лига на ФФМ, се натпреварувавме на различни турнири во Македонија, а полека името КУЛ започна да продира и надвор од земјата, со настапи на меѓународни турнири на Балканот и во Европа.

Станавме познати и по организацијата на сигурно најдобриот младински турнир во Македонија, „Кул Куп“ кој прерасна во традиција, која ќе ја „негуваме“ и во следните години. Комплиментите и позитивните зборови кои ги добивавме од учесниците на турнирот беа само препорака дека сме на вистинскиот пат, но истовремено и обврска да продолжиме со истото темпо на работа.

Денес располагаме со четири терени за работа, а во клубот имаме членови од различни делови на градот. На терените во населбите Кисела Вода, Карпош и Ново Лисиче, се локациите каде нашите членови секојдневно тренираат под водство на нивните тренери, се докажуваат и напредуваат и веруваат дека еден ден ќе ја исполнат својата цел во фудбалот.

Новитет оваа година во нашата младинска школа е кондициониот тренер кој е задолжен за физичката подготовка на екипите. Ретко која младинска школа во Македонија може да се пофали дека има и медицински стручни лица кои се грижат за здавјето на играчите, за време на тренинзите и натпреварите. Во клубот поминаа голем број на тренери и сите имаат своја заслуга во нашиот продор и подем.

Минатата година, ФК Кул успеа да испише историја со освојување на првиот трофеј во Купот на Македонија, што беше едно големо одличје и награда за нашиот труд во изминативе 13 години. Со нашите генерации успевавме да стигнеме и на завршните турнири во детската лига, каде исто така се закитувавме со медали и се искачувавме на врвот.

Сите овие работи ни даваа сила, поттик, мотив, љубов и голема желба за да го продолжиме патот кој го започнавме. Нема да ветуваме многу, само ќе си поставиме за цел следната година да бидеме уште подобри и сите заедно да се радуваме на успесите.

СРЕЌЕН 13-ТИ РОДЕНДЕН ФУДБАЛСКИ КЛУБ КУЛ !!