Генерациите 2005 и 2006 во текот на утрешниот ден ќе одиграат контролни натпревари

(Фотогалерија) Погледнете како „растевме“ изминативе 13.години низ 180.фотографии
09/28/2020
Петар Крчаноски: Желбата за фудбал ја добив од мојот татко, многу ми недостигаат натпреварите во детската лига
09/30/2020

Генерациите 2005 и 2006 во текот на утрешниот ден ќе одиграат контролни натпревари

Во текот на утрешниот ден не очекуваат два контролни натпревари. Активни ќе бидат генерациите 2005 и 2006 на ФК КУЛ.

Генерацијата 2005 на теренот на Цементарница треба да одигра натпревар против екипата на Фудбал Кидс. Дуелот е предвиден да стартува од 16:00 часот.

Контролен натпревар и за генерацијата 2006, која ќе гостува во Ѓорче кај екипата на Њу Старс. Натпреварот ќе се одигра на теренот со вештачка трева, во терминот од 21:00 часот.