Победа за ЖФК КУЛ на пријателскиот натпревар против ЖФК Фудбал Старс

Пионерите и кадетите поразени на пријателските натпревари со Њу Старс
10/03/2020
(Фотогалерија) Одличен натпревар за женскиот тим на КУЛ, триумф против Фудбал Старс
10/04/2020

Победа за ЖФК КУЛ на пријателскиот натпревар против ЖФК Фудбал Старс

Вечерва на теренот „Арена Кул“ во населбата Кисела Вода, пријателски натпревар одиграа женските екипи на Кул и Фудбал Старс од Кочани. Одличен натпревар прикажаа и двете екипи, беше вистинско уживање да се гледаат младите и талентирани девојки од двете екипи.

Победата со резултатски пресврт им припадна на нашиот тим, кој тримуфираше со резултат 4:2. На почетокот како да влеговме со мала трема на натпреварот, што го искористија девојките на Фудбал Старс за набрзина да постигнат два гола и да поведат со 0:2. Сепак оваа негатива не го обезхраби нашиот тим, кој покажа многу подобра игра во продолжение од натпреварот. До крајот на првиот дел преку Камита Емини успеавме да намалиме на 1:2.

Интересен натпревар проследивме и во вториот дел од натпреварот, на кој и двете екипи покажаа голема желба за надигрување и победа. Се играше со брзо темпо на двете страни, избраничките на Маџароски се обидуваа да го израмнат резултатот. Тоа се случи, кога со првиот гол на Тамара Атанасовска израмнивме на 2:2. Тамара одлично играше и донесе свежина на теренот, едноставно беше многу активна на теренот и создаваше опасности кон голот на Фудбал Старс. Со вториот нејзин гол поведовме и со 3:2, додека конечните 4:2 на натпреварот ги постави Киара Горгиовска.

Честитки за двете екипи, кои покажаа дека во Македонија има талентирани играчи и во женскиот фудбал. Вечерашниот натпревар го проследи Добре Димовски, кој моментално има функција на координатор на младинските категории во женскиот фудбал во Македонија.

Ваквите натпревари се почесто треба да се одржуават во Македонија, со цел да се подигне нивото на женскиот фудбал во нашата земја. Се надеваме дека и понатаму ќе продолжи нашата соработка со екипата од Кочани, која располага со квалитетен тим.