Калин Лупевски донесе триумф за ФК КУЛ генерација 2008 на пријателскиот дуел со Работнички

Победнички започна денот, генерација 2012 на ФК КУЛ стигна до триумф во дуелот со Еуроспорт
10/04/2020
Фотогалерија од натпреварите на генерациите 2003 и 2004 против екипата на Њу Старс
10/05/2020

Калин Лупевски донесе триумф за ФК КУЛ генерација 2008 на пријателскиот дуел со Работнички

Денешниот ден го заокружуваме со уште една победа за фудбалскиот клуб КУЛ. На теренот „Локомотива“ во населбата Карпош 3, контролен натпревар одигра генерацијата 2008 која за противник го имаше тимот на Работнички. Момците на Мики Тодоровски стигнаа до нова победа во подготвителниот период, со конечен резултат од 5:0.

Повторно одигравме на високо ниво во текот на целиот дуел и заслужено стигнавме до победа против „романтичарите“. Свој ден имаше Калин Лупевски кој успеа да постигне четири голови и тоа сите во серија, за на полувреме да имаме високо водство од 4:0.

Во второто полувреме создадовме уште неколку шанси, од кои една ја претворивме во погодок, дело на Тарик Муртиќ кој успеа да се запише во листата на стрелци. Честитки за целиот тим кој повторно покажа голема желба за надигрување и за победничкиот „дух“ кој го наметнаа на последните одиграни натпревари. Ќе го споменеме и голманот, Ангел Цветевски, кој во неколку наврати го спаси нашиот гол.

Играчите на кои сметаше Мики Тодоровски за денешниот натпревар: Ангел Цветевски, Драган Лазаров, Павел Ристески, Михаил Алексов, Леон Ангелески, Тарик Муртиќ, Филип Димковски, Калин Лупевски, Лука Аврамовски, Андреј Николовски, Калин Баевски, Ведран Арнаудов, Горазд Ѓуровски и Никола Динов. Сите од нив добија своја шанса на теренот која максимално ја оправдаа на теренот.