Победнички започна денот, генерација 2012 на ФК КУЛ стигна до триумф во дуелот со Еуроспорт

ФК КУЛ 2010 победнички против Работнички на контролен дуел кој се одигра во Градски Парк
10/04/2020
Калин Лупевски донесе триумф за ФК КУЛ генерација 2008 на пријателскиот дуел со Работнички
10/04/2020

Победнички започна денот, генерација 2012 на ФК КУЛ стигна до триумф во дуелот со Еуроспорт

Победнички го започнавме денешниот ден. Утрово на теренот „Арена Кул“ во населбата Кисела Вода, пријателски натпревар одиграа генерациите 2012 на ФК Кул и Еуроспорт. Подобри беа нашите млади надежи кои славеа победа со резултат 8:3.

Одличен натпревар за двете екипи кои покажаа голема борбеност на теренот. Се играа три полувремиња по 15 минути. Во првиот дел резултатот беше нерешен 1:1. Нашите момчиња први го отворија резултатот за 1:0 со погодокот на Стефан Николовски. До истекот на првиот дел, екипата на Еуроспорт успеа да постигне гол и да го израмни резултатот на 1:1.

Фуриозно го стартувавме вториот дел од натпреварот, кога момчињата на Мики Тодоровски за краток период успеаа да постигнат три голови во серија. Со првиот гол на Михаил Динов ја вративме предност за 2:1, додека Стефан Шиљковски беше играчот кој ги постигна следниве два гола, со кои зголеми на 4:1. Екипата на Еуроспорт се врати во игра, со два голови ја намали негативата на 4:3, за ние преку Давид Николов да поведеме со 5:3, резултат кој беше актуелен по завршување на вториот дел.

Мора да ја потенцираме добрата игра на нашиот тим, кој одигра константно добро во текот на целиот натпревар, а нашиот тренер Тодоровски често ротираше давајќи им шанса на сите играчи кои денес беа на располагање. И во овој дел од натпреварот постигнавме повеќе голови од противникот. Следеше втор гол на Михаил Динов кој го зголеми водството на 6:3. Во листата на стрелци се запиша и денес борбениот Ангел Симоновски, додека конечните 8:3 на дуелот ги пострави Стефан Шиљковски, за кој ова беше денес хет-трик. Пофалби и за нашите голмани, Клео и Михаил кои забележаа неколку одбрани.

Честитки за двете екипи за прикажаната игра на теренот, се надеваме на многу вакви натпревари во иднина и зајакнување на пријателството со тимот на Еуроспорт, со кој викендов одигравме неколку пријателски дуели.