Избраниците на Нурединоски со голем пресврт ја победија Македонија Ѓ.П, кадетите триумфираа на контролен дуел

Погледнете ги најинтересните моменти од дуелот на нашите девојки против ЖФК Фудбал Старс (ВИДЕО)
10/07/2020
(ВИДЕО) Нашиот играч, Константино Горгиовски гостуваше во спортската емисија „Полн погодок“
10/08/2020

Избраниците на Нурединоски со голем пресврт ја победија Македонија Ѓ.П, кадетите триумфираа на контролен дуел

Кадетите на ФК КУЛ денес одиграа пријателски натпревар против екипата на Македонија Ѓ.П, кој го добија во своја корист.

Чуден тек имаше овој натпревар, на кој домашниот тим имаше предност од 2:0, но нашите момци не се предадоа и до крајот на натпреварот направија голем пресврт, триумфирајќи со резултат 2:4.

Пред да го отвори противникот резултатот, избраниците на Нурединоски имаа три добри шанси да поведат, кои останаа неискористени. По наши грешки, екипата на Македонија Ѓ.П успева да постигне два гола и да поведе со 2:0. Сепак тоа не ги обезхраби нашите момци, кои до крајот на натпреварот го свртија резултатот во своја корист. Најпрво со голот на Дамјан Ивановски успеавме да го намалиме резултатот на 1:2, откако од слободен удар топка во противничкиот шеснаесетник нафрли Здравески, истата стигна до Ивановски, кој го постигна првиот дел денес за тимот на Кул. До крајот првиот дел, целосно се вративме во игра, откако постигнавме и втор гол, што значеше и израмнување на резултатот. После одличен продор на Станковски кој даде повратна топка до Филип Кузмановски, овој погоди за резултат 2:2. Овој резултат беше актуелен после завршување на првиот дел.

Во второто полувреме, екипата на Кул продолжи да атакува кон голот на противникот. Имавме поголем посед на топка и притискавме за нов гол. Тоа се случи, кога после една лоша одбиена топка на дефанзивците на Ѓорче, Марко Ѓоргиевски беше играчот кој ни донесе прво водство на овој контролен дуел од 2:3. Мора да ја потенцираме добрата игра на нашиот тим, кој иако имаше негатива, успешно се врати во игра на натпреварот. Посакувавме да постигнеме уште еден гол за да ја обезбедиме победата. После една акција која започна од нашиот голман, од полу-контра, Никола Николов додаде топка до Марко Ѓоргиевски, кој со својот втор погодок ги постави конечните 2:4 на пријателскиот натпревар кој се одигра во Ѓорче.

ФК КУЛ: Андреј Ројчинов, Дамјан Ивановски, Лука Алексоски, Бојан Ристевски, Дамјан Ивановски, Филип Кузмановски, Стефан Здравески, Филип Јаневски, Томи Станковски, Леонид Стојчевски, Марко Ѓоргиевски.

Играа уште и Лука Миленковиќ, Стефан Јовановски, Ангел Петрушевски, Никола Николов и Бодан Тодоровски.

Победата добива на „тежина“ со оглед дека е издвојувана против екипа која се натпреварува во најсилната супер лига.