Победа за генерација 2010 на ФК КУЛ на контролниот натпревар со екипата на Виктори

Голем број на пријателски дуели за младите екипи на ФК КУЛ
10/09/2020
(Фотогалерија) Две генерации на ФК КУЛ одиграа пријателски натпревари со екипата на Виктори
10/10/2020

Победа за генерација 2010 на ФК КУЛ на контролниот натпревар со екипата на Виктори

Генерацијата 2010 на ФК КУЛ стигна до победа на вечерашниот контролен натпревар против екипата на Виктори. Дуелот кој се одигра во Балонот-ГУЦ во населбата Карпош 3 му припадна на нашиот тим кој славеше победа со резултат 5:3.

Избраниците на Владимир Маџароски набрзина на почетокот на натпреварот постигнаа два гола. Резултатот за 1:0 уште во првата минута од натпреварот го отвори Марко Атанасијевски, за водството од 2:0 да го зголемиме преку Борјан Андоновски. Следеше период во кој противничката екипа се врати во игра, со два погодоци го израмни резултатот на 2:2. Сепак до крајот на првото полувреме ја вративме предноста, во листата на стрелци се запиша и Матеј Стефановски, за резултат 3:2 по првиот дел.

Во второто полувреме продолжи борбената игра на двете стани и надмудрувањата. Со вториот гол на Борјан Андоновски ја вративме позитивата од два гола, за водство од 4:2, додека резултатот на 5:2 го зголеми Андреј Денковски. Во последните пет минути од дуелот, екипата на Виктори постигна гол за намалување на 5:3, резултат кој на крајот се покажа и како конечен. Неколку добри одбрани на овој натпревар имаше голманот, Калин Крстевски.

Честитки за двете екипи за прикажаната игра и убавиот натпревар.