Генерацијата 2011 одигра два интересни натпревари со екипата на Скупи, кои завршија со нерешен резултат

Генерацијата 2008 минимално поразена во дуелот со Скупи
10/10/2020
Пораз за кадетите на мечот со ФК Тетекс
10/10/2020

Генерацијата 2011 одигра два интересни натпревари со екипата на Скупи, кои завршија со нерешен резултат

Денес во скопската населба Бутел, генерацијата 2011 одигра два пријателски натпревари со екипата на Скупи. Нашата генерација беше поделена на две екипи, ФК КУЛ ( Лисиче) и ФК КУЛ ( Карпош) и двете одиграа со нерешен резултат.

Најпрво на теренот излезе екипата на Кул ( Лисиче) која беше предводена од Александар Цветковски. Натпреварот заврши со нерешен резултат 1:1. Гледавме цврста и борбена игра на двете страни, натпревар на кој немаше многу шанси, но и двете екипи успеаа да постигнат по еден гол. Најдобри шанси во првиот дел за нашата екипа ги имаше Филип Чангов и Милош Милошевски, но резултатот на полувреме гласеше 0:0.

Во вториот дел, најпрво екипата на Скупи успеа да поведе со 1:0, додека нашите млади надежи вратија со погодокот на Филип Чангов, кој погоди после одлична асистенција од Зојчевски, за резултат 1:1. После израмнувачкиот гол, имаше уште неколку обиди на двете страни, но натпреварот заврши со нерешени 1:1

Интересен натпревар одигра екипата на Кул ( Карпош) предводена од Мики Тодоровски. И овој дуел заврши со нерешен резултат, но со многу повеќе голови од претходниот меч. Кул беше тимот кој на стартот од натпреварот подобро се снајде и поведе со 1:0, со погодокот на Дамјан Ѓуровски. Екипата на Скупи се врати во игра и израмни на 1:1, после една брза контра ја погодија нашата мрежа. Повторно имавме шанса преку Ѓуровски, овој пат голманот на домаќинот успеа да одбрани и да спречи нова негатива, но не и после нафрлената топка на Ночевски од корнер, кој го пронајде Стефан Шиљковски, кој атрактивно со глава погоди за наше водство од 2:1. Во период кога можевме и да го зголемиме резултатот, не успеавме да реализираме неколку добри шанси, преку Динов и Ночевски, затоа после една наша неспретност во одбраната, противникот израмни на 2:2. До крајот на првото полувреме, направија и резултатски пресврт, за резултат 2:3 по првите 25 минути од натпреварот.

Притискавме и во вториот дел од натпреварот, кога се обидувавме да го израмниме резултатот. Повторно се редеа шансите, но не успеавме да го пробиеме протвничкиот бедем пред голманот. Стефан Николовски имаше шанса која не ја реализира и кога не одеше од голема далечина на неколку минути пред крајот евро гол постигна нашиот стопер, Дамјан Тодоровски за конечни 3:3 на овој ефикасен пријателски дуел.