Генерацијата 2008 минимално поразена во дуелот со Скупи

Пионерите дојдоа до победа на „контролката“ против ФК Тетекс
10/10/2020
Генерацијата 2011 одигра два интересни натпревари со екипата на Скупи, кои завршија со нерешен резултат
10/10/2020

Генерацијата 2008 минимално поразена во дуелот со Скупи

Утрово, генерацијата 2008 на ФК КУЛ гостуваше на екипата на Скупи, на пријателски натпревар. Нашите млади надежи беа поразени со резултат 3:2.

Уште на стартот од натпреварот, екипата на Скупи успеа да постигне гол во нашата мрежа и да го отвори резултатот за 1:0. Ја пробивме почетната „трема“ па како одминуваше натпреварот избраниците на Мики Тодоровски заиграа подобро. Следеа и првите обиди кон голот на противникот. Муртиќ од левата страна додаде топка до Лупевски, овој беше прекраток во обидот да го загрози голот, додека удар имаше и Леон Ангелески, кој шутираше над голот. Во следната акција, нашата екипа успева да постигне гол и да го израмни резултатот на 1:1. После една одлична акција, употреблива топка доби Тарик Муртиќ, кој биеше од прва прецизно за нерешен резултат. Се заканивме и преку Лупевски кој шутираше крај голот, додека обид имаше и Никола Динов, но одбрани голманот. Домашниот тим повторно се стекна со предност од 2:1, резултат кој беше актуелен на полувреме.

Во второто полувреме, екипата на Скупи беше подобра на теренот, додека ние не создадовме некоја посериозна шанса, освен постигнатиот гол во последните минути од натпреварот. На нашиот гол добар беше Ангел Цветевски, кој имаше некоку добри интервенции. Сепак, противникот постигна уште еден гол во нашата мрежа, за водство од 3:1. Ние после негативата се обидовме да се вратиме во игра, имаше два обиди Ангелески, во првиот шутираше по земја, додека во вториот обид топката заврши над голот. Во последните две минути од натпреварот со вториот гол на Тарик Муртиќ намаливме на 3:2, но немаше многу време за поголеми возбудувања.