Пионерите дојдоа до победа на „контролката“ против ФК Тетекс

(Фотогалерија) Две генерации на ФК КУЛ одиграа пријателски натпревари со екипата на Виктори
10/10/2020
Генерацијата 2008 минимално поразена во дуелот со Скупи
10/10/2020

Пионерите дојдоа до победа на „контролката“ против ФК Тетекс

Денес на теренот Локомотива, пионерите на ФК КУЛ ја пречекаа екипата на Тетекс од Тетово. Нашите момци на овој дуел дојдоа до висока победа со резултат 4:2 (3:0).

Пионерите мечот го започнаа со овој состав: Цветковски, Мицевски, Петровски, Крстевски, Митревски, Здравковски, Стајковски, Јанкуловски, Стојчевски, Стојановски и Кадриовски.
Имавме повеќе од играта на почетокот, доминиравме со поседот. Се играше повеќе на половината на гостинот, три одлични шанси кои не ги претвори во гол имаше Љубомир Стојановски. Конечно по обидот на Бојан Јанкуловски кој умешно се снајде во казнениот простор на Тетекс погодивме за 1:0.

Моментот кога погодивме за 1:0, преку Јанкуловски во 9.минута од дуелот

Веќе во следната акција бевме на „работ“ да ја загубиме предноста, откако беше досуден пенал за противникот. Цветановски Мартин на нашиот гол со одлично реакција влезе во шутот и одбрани удар од 11.метри оставајќи не во водство. Продолжи нашата иницијатива, имавме голем број прилики да го зголемиме резултатот. За одбележување се обидите на Митревски Јован, Стојановски и Јанкуловски Бојан. Кога се очекуваше крај на првиот дел, во финишот за 2:0 стрелаше Филип Стајковски од работ на казнениот простор силно по земја за удвојување на предноста. Веднаш по него Кадриовски Рамадан со погодок ги постави конечните 3:0 за првиот дел.

Вториот дел наликуваше на првиот период, ние имавме доминација на теренот и поголем посед на топката. Тетекс се закани по еден прекин, за среќа топката мина над гредата од нашиот гол. Ние се заканивме преку Стојановски Љубомир кој не реализираше, додека противникот искористи наше мало опуштање и погоди за 3:1. Во вториот период имаша пад на темпото на овој дуел. Kадриовски доби една топка на левата страна, тргна кон голот упати силен удар по земја за да ја врати предноста од три гола, тој стрелаше за 4:1.

Мицевски потоа имаше одличен продор и обид кон голот на тетовчани. Противникот успеа да ја преполови нашата предност, после една акција погодија за 4:2 на 10.минути до крајот на овој дуел. Во последните минути од натпреварот,Мицевски ја имаше најзрелата шанса која остана неискористена, па натпреварот заврши со резултат 4:2.