Претстојниов викенд стартува сезоната во втората лига, Скопје ќе биде прв противник за екипите на ФК КУЛ

(Фотогалерија) Победа за помладите пионери на пријателското дерби против Работнички
10/11/2020
Најава за првото коло, интересни дуели за ФК КУЛ на стартот од новата сезона во младинските лиги
10/15/2020

Претстојниов викенд стартува сезоната во втората лига, Скопје ќе биде прв противник за екипите на ФК КУЛ

Генерациите 2002, 2003 2004 и 2005 на ФК Кул претстојниов викенд ги стартуваат натпреварите во втората лига. Прв противник во натпреварувачката сезона 2020/21  за нашите млади надежи ќе биде екипата на Скопје. Лигата ќе брои вкупно десет екипи, кои ќе се борат да обезбедат пласман во најсилната супер лига.

Пионерските екипи во недела (18.10) на теренот „Цементарница“ се домаќини на ФК Скопје АД. Натпреварот на помладите пионери ќе стартува од 11:00 часот, додека дуелот на пионерите започнува од 13:00 часот.

Двојки за првото коло во втората помлада и пионерска лига:

ГФК Тиквеш 1930 Кавадарци – ФК Беласица

ФК Куманово 2012 – ФК Борец 1919 АД

ФК Кожуф Гевгелија – ФК Силекс АД

ФК КУЛ – ФК Скопје АД

ФК Лабуништа 2011 Тетово – ФК Струга Трим Лум Ад

Ден порано, односно во сабота (17.10), старт на сезоната ќе означат кадетите и младинците на Кул кои ќе гостуваат на Скопје. Дуелите ќе се одиграат на теренот во „Нова Колонија“. Најпрво од 11:00 часот својот натпревар ќе го одиграат кадетите, додека од 13:00 часот ќе започне и младинскиот дуел на Скопје и Кул.

Двојки за првото коло во кадетската и младинската лига:

ФК Беласица – ГФК Тиквеш 1930 Кавадарци

ФК Борец 1919 АД – ФК Куманово 2012

ФК Силекс АД – ФК Кожуф Гевгелија

ФК Скопје АД – ФК КУЛ

ФК Струга Трим Лум – ФК Лабуништа 2011 Тетово