Најава за првото коло, интересни дуели за ФК КУЛ на стартот од новата сезона во младинските лиги

Претстојниов викенд стартува сезоната во втората лига, Скопје ќе биде прв противник за екипите на ФК КУЛ
10/14/2020
Познат распоредот на одигрување натпревари за екипите на ФК КУЛ во втората лига
10/16/2020

Најава за првото коло, интересни дуели за ФК КУЛ на стартот од новата сезона во младинските лиги

Како што претходно известивме, од претстојниов викенд е закажан стартот на новата натпреварувачка сезона во младинските лиги. Фудбалскиот клуб на Кул со четири генерации ќе се натпреварува во втората лига. Прв противник ќе биде екипата на Скопје АД.

Што се однесува до нашиот противник ќе изнесеме неколку податоци, кои навестуваат интересни дуели во пресрет на стартот од сезоната.

Минатата сезона која не до дочека својот крај, односно истата беше прекината на стартот од пролетниот дел, генерациите 2005 на Кул и Скопје заедно се натпреваруваа и во рамките на регионалната-скопска лига, каде одиграа еден натпревар. На истиот терен на кој треба да се одигра и неделниот дуел, минатата година избраниците на Саше Божиноски го совладаа тимот на Скопје со резултат 3:1. Во моментот кога беше прекината сезоната, генерацијата 2005 на Кул на 13 одиграни натпревари освои 35 бодови, додека Скопје со натпревар повеќе имаше собрано 17 бодови.

Генерацијата 2004 на Кул минатата сезона беше дел од треттата лига во која го освои првото место и заслужено обезбеди пласман во повисок ранг на натпреварување. Имавме одиграно 16 натпревари, забележавме вкупно 14 победи, 1 нерешен резултат и 1 пораз. За разлика од нас, екипата на Скопје и минатата сезона беше дел од втората лига, каде важеше за еден од фаворитите кој можеше да се пласира во супер лигата, со оглед дека после 11 одиграни кола беа на третото место, со скор од 8 победи, 1 нерешен резултат и 2 порази.

Генерацијата 2003 на Скопје која минатата сезона исто така беше дел од втората лига, послабо котираше на табелата во оваа возрасна категорија. Нашиот противник после 11 одиграни натпревари оствари 5 победи, 2 нерешени резултати и 4 порази, со што беа на средината од табелата. Екипата на Кул како дел од третата лига на 16 одиграни натпревари имаше исто толку победи.

Екипата на Скопје има и одлична генерација 2002, која минатата сезона исто така конкурираше за највисок пласман и беше во горниот дел на табелата. Идентично како и нивните помлади пионери, така и кадетите имаа 8 победи, 1 нерешен резултат и 2 порази.

Натпреварите со екипата на Скопје ќе се одиграат во сабота и недела. Најпрво во сабота, кадетите и младинците ќе гостуваат на теренот во „Нова Колонија“ со почеток од 11:00 и 13:00 часот, додека следниот ден на „Цементарница“ во истите термини пионерските екипи на Кул ќе бидат домаќини на истиов противник.