Убедлива победа за генерација 2012 во дуелот со Дрим Тим

Пријателски натпревари за ФК Кул против екипата на Дрим Тим
10/16/2020
(ФОТО) Машкиот тим составен од играчи 2010 година ја победи женската екипа
10/17/2020

Убедлива победа за генерација 2012 во дуелот со Дрим Тим

Денес во балонот во Кисела Вода, генерацијата 2012 одигра контролен натпревар против екипата на Дрим Тим. Избраниците на Мики Тодоровски славеа убедлив триумф кој беше изразен со резултат 18:0.

Одличен натпревар за нашите момчиња кои прикажаа допадлив фудбал, а нашиот тренер шанса за игра им даде на сите играчи кои максимално ја оправдаа довербата на теренот.

По првото полувреме имавме високо водство од 9:0, а уште во првата минута успеавме да го отвориме резултатот со голот на Михаил Динов за 1:0. Следеа брзи погодоци на Стефан Шиљковски за 2:0 и на Стефан Николовски за водство од 3:0. Едноставно доминиравме на теренот, а шансите се редеа пред голот на Дрим Тим. Следен кој се запиша во листата на стрелци беше Давид Николов кој погоди за 4:0, а со вториот гол на Стефан Шиљковски поведовме и со 5:0.

Продолжи голеадата на нашите момчиња, два последователни голови постигна Михаил Динов за зголемување на резултатот на 7:0. Калин Спиров беше следен кој ја погоди противничката мрежа за предност од 8:0, додека резултатот 9:0 на полувреме ги постави Давид Николов.

Стефан Николовски беше играчот кој ги постигна првите два гола во вториот дел, кој му донесе предност на Кул од 11:0. Следеше хет-трик на Михаил Динов за зголемување на 12:0, додека со двата гола на Давид Николов поведовме и со 14:0.  До крајот на натпреварот два гола постигна Михаил Динов, додека по еден Дамјан Тодоровски и Ангел Симоновски за конечни 18:0 на овој пријателски дуел.